Приведените лидери на опозицијата во демонстрациите во Подгорица ќе се бранат од слобода
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Приведените по вчерашните нереди со кои излегоа од контрола демонстрациите на опозицијата во Подгорица – лидерот на протестот Андрија Мандиќ и пратеникот, кој, исто така, му припаѓа на опозицискиот Демократски фронт, Славен Радуновиќ, пуштени се од притвор, да се бранат од слобода. Мандиќ по излегувањето од Врховното државно обвинителство изјави дека ДФ (Демократскиот фронт) „уште поупорно ќе продолжи да работи на остварување на слободата“, додавајќи дека „работата ќе ја истераат до крај“.

Со демонстрациите што во саботата се одржаа во Подгорица се вршеше притисок за ултиматумот што опозицијата во Црна Гора му го постави на премиерот Мило Ѓукановиќ и неговата Влада – да поднесат оставка и да распишат избори. Ѓукановиќ на различни функции е на власт во Црна Гора од 1991 година.

Саботните демонстрации се претворија во нереди околу 22 часот, кога се судрија демонстрантите и полицијата. Интервенцијата на полицијата го спречи обидот на демонстрантите да влезат во Собранието. Во судирите масата фрлаше петарди кон полицијата, а ѝ беше одговорено со солзавец и шок бомби.

Од владејачката Демократска партија на социјалистите (на Ѓукановиќ) оценија дека опозицискиот Демократски фронт со протестот пред Собранието „ја нападнал државата“.

Од масата демонстранти, која е оценета како најбројна во историјата на независна Црна Гора, покрај знамиња на државата, беа истакнати и обележја на Русија и на Србија, а покрај скандирањето „Мило крадецу“ и „Готов е“, имало и повици „Никогаш во НАТО“ и „Воена неутралност на Црна Гора“.

Поради последниве пораки на демонстрантите, црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ, изјави дека суштината на протестот била Црна Гора да се спречи во последната фаза од реализацијата на стратешката цел земјата – влезот во НАТО, што може да се случи во декември, каква што проценка изнесе и Евроактив.

Ѓукановиќ во однос на ултиматумот за негова оставка, пред саботните демонстрации изјави дека ниту тој, ниту Владата немаат намера да поднесат оставки, бидејќи „тоа би било неодговорен чин кон мнозинството граѓани на Црна Гора кои ја поддржуваат актуелната власт“. Тој најави дека е подготвен за избори, но на 2 декември, по приемот на Црна Гора во НАТО.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×