Продадени 13,1% од акциите на Комерцијална банка на Адора, Гранит, ИГМ и Индустри Сервис
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во блок трансакција денеска беа истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 18,17 милиони евра.

Досегашниот акционер со квалификувано учество East Capital Explorer Investments AB и неговото поврзано лице Salink Limited изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции.

Како купувачи на продадените акции се јавуваат следните правни лица: Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт Импорт, Гранит АД Скопје, ИГМ-Трејд Илија ДОО и
Индустри Сервис ДОО Скопје.

„Известуваме дека секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката“, објаснија од Комерцијална.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×