Продолжува компаниската мисија: За свет без долгови
Објавено на од во луѓе и компании

CHA_2095EOS Matrix ги заокружи четирите настани за одбележување на јубилејот – 15 години работа на македонскиот пазар

„Нашата практика, нашата грижа за вашите побарувања ќе ја споиме со современата технологија, ќе се обидеме да држиме ритам со брзата промена на светот околу нас и да ги прифатиме сите технолошки промени кои би довеле кон подобро управување со вашите побарувања.“, истакнаа од EOS Matrix при претставувањето на истражувањето за плаќачките практики во Европа, последниот настан што оваа година го одбележа големиот јубилеј – 15 години работа во Македонија на компанијата – пионер на домашниот пазар во бизнисот со управување на побарувања. 

 

Иако веќе четврта година по ред Европа бележи раст во навремените плаќања, сепак и понатаму загрижувачки е процентот на задоцнети плаќања, како и неплаќања – секоја петта сметка се плаќа доцна или воопшто не се плаќа. Ова, меѓу другото, е заклучокот од 11 – то по ред истражување на компанијата EOS за 2018 година “European Payment Practices“, кое претставува сеопфатен преглед на навиките за плаќање во Европа. Во него се вклучени 3.400 компании од 17 европски земји.

“Таквата пракса, како што покажува истражувањето, директно го загрозува работењето на секоја седма компанија во Европа. За жал, само кога ќе се соочат со неможноста за наплата на своите испорачани производи или услуги, повеќето компании сфаќаат колку тоа може да го загрози нивното работење“, истакнаа претставниците на EOS Matrix од Македонија, при претставувањето на истражувањето пред неколку денови во Скопје, за чии што наоди подетално ќе пишуваме во наредните изданија на Капитал.

Токму затоа, како што рече Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ во Македонија и Косово, нивната компанија е посветена на мисијата да го олесни процесот на наплата на побарувањата за доверителите, но истовремено и да им помогне на должниците успешно да го пребродат исполнувањето на своите обврски.

31e“Европа се менува веќе подолго време како резултат на дигиталната трансформација. Дигиталните процеси ги менуваат условите за нашата работа, создавајќи за нас нови предизвици за ваша поголема корисност. Се создаваат услови за поефикасно управување со побарувањата. Преку нови дигитални проекти како на пример модели со алгоритми и обработка на масивни податоци го разбираме подобро однесувањето на корисниците и нивните навики, и како резултат на тоа го прилагодуваме нашиот пристап кон нив, овозможувајќи им да живеат во свет без долгови.“, истакна Бошевска на настанот којшто беше четврти и последен во 2018-та во низата одбележувања на значајниот јубилеј на компанијата – 15 години работа на македонскиот пазар. Да потсетиме, на првиот настан EOS во духот на пеперутката, симболот на вечната трансформација на животот, со соодветното мото EVEREVOLVINGили “секогаш во промена, во еволуција“, го прослави роденденот заедно со своите клиенти и соработници. На вториот и третиот настан беа организирани панели на коишто се дискутираше за информираноста на македонските граѓани за нивните права и обврски во должничко – доверителските односи и што треба да се направи за поголема свесност околу правата и обврските и на двете страни; како и за воведувањето на меѓународниот сметководствен стандард IFRS 9 и предизвикот на обработка на поголем број на податоци што тој го наметнува, во време на дигитализација на банкарските процеси.

“Низ годините ЕОЅ се позиционираше како партнер на банките и финансиските компании во делот на наплата и откуп на побарувања. На почетокот во Македонија многу малку се знаеше за дејноста наплата на побарувања. Сега на македонскиот пазар ЕОЅ успешно работи со 85 вработени. Клиентите многу бргу ја препознаа додадената вредност која ЕОЅ како бренд ја носи и денес сме нивниот прв избор.“, рече Бошевска.

 

CHA_1997Дигитализација и културолошка трансформација

Бошевска ја искористи приликата и за да ја претстави официјално новата компаниска визија за ЕОS, како глобален финансиски инвеститор воден во својата работа од технологијата и претприемачкиот дух. Инаку, ЕОЅ на глобално ниво изминатава година напорно работи на два нови проекти, дигитализацијата и културолошката трансформација на групацијата. Компанијата вложува многу пари и време за да дефинира каде ќе се движи во иднина. Нивната цел е да останат најдобар провајдер на услуги во областа на наплатата на побарувања, откупот на побарувања и аутсорсингот на процеси.

“Нашата практика, нашата грижа за вашите побарувања ќе ја споиме со современата технологија, ќе се обидеме да држиме ритам со брзата промена на светот околу нас и да ги прифатиме сите технолошки промени кои би довеле кон подобро управување со вашите побарувања. Како и до сега, ќе се трудиме да придонесуваме позитивно за нашата економија, да помагаме на банките во процесот на решавање на нефункционалните кредити, да бидеме потребната алка кон побрза наплата за другите чинители на нашиот пазар, а при тоа да бидеме партнери и најблиски соработници со оние кои најдиректно и практично се одговорни за доследно имплементирање на легислативата, овде особено алудирам на нашите партнери во тој процес на наплата на побарувањата, нотари, адвокати и извршители.“, истакна Бошевска.

 


CHA_2040EOS низ бројки

ЕОЅ Matrix Македонија е дел од Групацијата ЕОЅ која е една од најголемите меѓународни компании за финансиски услуги. Во европски рамки ЕОЅ важи за лидер на пазарот на услуги за менаџирање на побарувања, а истото е точно и за македонскиот пазар. Од 2003 – та година до денес, ЕОЅ во своето портфолио на партнери и соработници вбројува голем број компании присутни во скоро сите сегменти од македонската економија: банки, телекомуникациски компании, комунални претпријатија, како и голем број на мали, средни и големи компании од приватниот сектор.

Групацијата ЕОЅ е една од водечките меѓународни компании за финансиски услуги прилагодени на потребите на клиентите. Како специјализирана компанија за евалуација и обработка на побарувања, ЕОЅ користи нови технологии за да им понуди финансиска сигурност преку паметни услуги на своите 20.000 клиенти во 26 земји. Основна дејност на компанијата е купување на необезбедени и обезбедени портфолија на долгови. Групацијата ЕОЅ работи во рамките на меѓународна мрежа на партнерски компании, со околу 7.500 вработени и повеќе од 60 подружници, така што има пристап до ресурси во повеќе од 180 земји во светот. Компанијата првенствено е насочена кон сектори како банкарството, комуналните услуги, недвижностите и електронската трговија.

26
е бројот на пазари каде што е присутна ЕОЅ групацијата

60
филијали има
EOS групацијата

20.000
клиенти опслужува
EOS глобално

95%
е стапката на успешно решени вонсудски случаи на наплата на долг на
EOS

795
милиони евра се приходите на ЕОЅ во фискалната 2017/2018 година

279,8
милиони евра добивка пред оданочување, амортизација и депресијација има EOS во фискалната 2017/2018 година

489,2
милиони евра се инвестирани во откуп на обезбедени и необезбедени побарувања во фискалната 2017/2018 година

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×