Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето во земјава
Објавено на од во Економија
Во јуни, вкупните кредити на домаќинствата забележаа месечен раст од 1,3%, додека кај корпоративниот сектор порастот е 1,5%.
 Loan
Во јуни месец, вкупните депозити се зголемија за 1,4%, на месечно ниво, што се должи на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со малку поизразено учество на корпоративниот сектор, покажува статистиката на Народната банка. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 8,4%, под влијание на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголемо учество на депозитите на секторот „домаќинства“.
Вкупните кредити, во јуни, забележаа месечен раст од 1,4%, којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со малку поизразено учество на корпоративниот сектор. Годишниот кредитен раст изнесува 6,6% и се должи на повисоките кредити на двата сектора, при поголем придонес на секторот „домаќинства“. Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јуни е забележан раст од 7,9%, на годишно ниво.
Во јуни, вкупните депозити на корпоративниот сектор, остварија раст од 2,5% на месечна основа. Притоа, растот во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, при помал, но позитивен придонес и на краткорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на останатите компоненти. Годишната стапка на раст изнесува 11,2% и во поголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.
Кредитите на корпоративниот сектор , во јуни годинава, бележат месечен и годишен раст од 1,5% и 4,6%, соодветно.
Притоа, најголем придонес кон месечниот раст имаат одобрените кредити во денари, додека годишниот раст произлегува од одобрените кредити во денари и во странска валута, со поголемо учество на кредитите во странска валута. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јуни изнесува 6,4%.
Вкупните депозити на домаќинствата, во јуни, се зголемија за 0,8% на месечно ниво, главно како резултат на растот на депозитните пари, како и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата се зголемени за 8,7%, пред сè поради повисоките депозитни пари, како и краткорочните депозити во странска валута.
Во јуни, вкупните кредити на домаќинствата забележаа месечен раст од 1,3%, којшто во најголем дел произлегува од денарските кредити. Годишниот раст изнесува 8,8% и се должи на зголемените кредити во денари и странска валута, при поголем придонес на кредитите во денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јуни изнесува 9,6%.
Во јуни, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа раст од 1,1% и 1,4%, на месечно ниво, и 10,0% и 13,8%, на годишно ниво, соодветно. Автомобилските кредити и натаму бележат месечен и годишен пад од 1,3% и 8,6%, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековните сметки на месечно ниво се зголемени за 0,2% и 1,3%, соодветно, додека на годишна основа остварија пад од 4,2% и 9,4%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, бележат месечен и годишен пад од 0,2% и 6,4%, соодветно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×