Проф. д-р Марјан Бојаџиев: Со иновативното хибридно учење остануваме посветени на студентите во секое време
Објавено на од во Интервју

prof. Bojadziev - glavna fotka mПроф. д-р Марјан Бојаџиев
директор на Универзитет Американ Колеџ Скопје

 Дефинитивно, образованието ќе се движи во насока на хибридно учење. Развојот на технологијата ќе го направи овој начин на учење уште подостапен, а распространетоста на брзиот интернет ќе овозможи видео – комуникација до сите. Тоа се предности кои треба да се користат. Учењето за диплома е само едно ниво – тоа е почеток на животниот пат за младите луѓе. Но, учењето и усовршувањето низ целиот живот, е продолжување на тој животен пат и предуслов да останеме современи и конкурентни.

-Опишете ни го концептот за хибридна настава на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Во што се состои неговата иновативност?
Генерално гледано, хибридното образование е комбинација од неколку модуси:
  1. Синхроно учење – настава во училница
  2. Асинхроно учење – користење систем кој го раководи учењето (Learning management System – LMS) и
  3. Синхроно учење, настава на далечина преку видео – конференција
Пролетниот семестар 2019/2020 почна како настава во училница, поддржана од LMS систем. Професорите и студентите на УАКС веќе години наназад користат Moodle и Microsoft Share Point Portal, а од 10 март воведовме синхроно учење на далечина. Тоа беше нешто за кое одамна сме се подготвувале, и можеби и токму затоа, транзицијата од училница на монитор одеше брзо и без поголеми проблеми.
Она што беше клучно за нас е да продолжиме со остварување на нашата мисија да нудиме врвно образование, комбинација од образование во американски стил и европскиот кредитен трансфер систем. За нас беше клучно да продолжиме да бидеме едукатори, и успеавме во тоа.

Za vnatre 1 - odbrana na magisterska

Онлајн одбрана на магистерска при УАКС во март месец, кога поради коронавирусот беа затворени училиштата и факултетите.

-Секоја промена носи и предизвик. Кои беа предизвиците со кои моравте да се соочите при воведувањето на ваквиот концепт?
Предизвиците и проблемите беа бројни. Дури може да ги групирам во три групи: технолошки, легислативни, и воведување на промената и кај студентите, и кај наставниците!
Технолошката бариера ја совладавме со избор на вистински партнер. LMS платформата веќе беше воспоставена, и ја надградивме верзијата на Moodle за да може да опфати и испитување преку платформата. За тоа, би сакал да истакнам благодарност до нашиот партнер од Америка, Solaris Intelligence.
За видео – конференциска платформа го избравме Webex. И тоа беше вистинскиот момент на пресврт. Би искажал голема благодарност кон тимот на Cisco и од Скопје, но и од Калифорнија, кои навистина понудија одлични услови за образовна установа, а уште повеќе што дадоа несебична поддршка, консултации и обуки.

За внатре 4

Испит со помош на онлајн алатките

Легислативната бариера ја надмина Министерството за образование и наука со повлекување навистина храбри потези. Иако повеќето универзитети веќе се подготвуваа за некој вид онлајн настава, истото не беше предвидено во законот. Министерството за образование донесе уредба со законска сила со која ја легализираше и онлајн наставата, но и оценувањето.
Воведување на промена, спроведена на УАКС од страна на Центарот за управување со квалитет, како агент на промена. Се разбира, постоеше отпор кај дел од кадарот околу можноста за целосна трансформација на образовниот процес. Затоа, настапивме постепено, чекор по чекор, катедра по катедра, факултет по факултет. Сите професори поминаа низ посебен тренинг. За тоа, би сакал да изразам посебна благодарност до Ивона Милева (ЦКК) и Ненад Дуковски (IT), за поддршката во спроведувањето на оваа промена.
И на крај, требаше да се „разбудат“ студентите, кои беа на принуден одмор од 13ти март. За повеќето од нив, беше вистинско изненадување дека сепак ќе имаат колоквиумска недела, според академскиот распоред. Закажавме обука со секоја група, и на крајот имавме успешна колоквиумска недела и задоволни студенти.
Периодов, влеговме во фаза на натамошен развој на алатките за онлајн учење. Секој петок имаме семинар за унапредување на знаењата, и очекуваме понатамошниот тек на семестарот, како и завршните испити, да ги спроведеме уште поквалитетно.

Za vnatre 3 - hibridna nastava

Бојаџиев: „Со хибридната настава она што беше клучно за нас е да продолжиме со остварување на нашата мисија да нудиме врвно образование, комбинација од образование во американски стил и европскиот кредитен трансфер систем.“

-Кои се позитивните и негативните страни на овој начин на онлајн предавање и работа?
  1. Очигледната предност е дека може да се одржува настава, кога училиштата се физички затворени. Тоа е навистина незаменливо.
  2. Следната предност, на која студентите брзо се навикнуваат, е комодитетот. Ова е посебно значајно кај професионалците кои се вработени и доаѓаат на постдипломски студии – наставата од дома е дополнителен бонус: нема брзање да се стигне на време, се надминуваат сообраќајните гужви итн.
  3. Третата предност е совладување на географската дистанца. На УАКС речиси секогаш има 10-20% студенти кои не се физички присутни, но имаат статус на вонредни студенти и користат само асинхрон модус. Сега нивното учество е активирано и имаме вклучувања на студенти кои живеат во други држави. На програмата за двојна диплома со Универзитетот Тор Вергата од Италија, имаме студенти од Бразил и Аргентина, САД, како и повеќето европски држави.
  4. Четвртата предност се технолошките можности. Всушност, младата генерација се чувствува како дома во дигитална околина. Можностите се бројни:
  • снимање на предавањата и нивен преглед во кое било време
  • користење пробни тестови како симулација на испит
  • употреба на онлајн симулации на серверите на кои имаме претплата: HARVARD, Cesim
  • користење на сите ресурси на MY LAB на Pearson International
  • Користење онлајн ресурси на партнерскиот универзитет Тор Вергата во Италија
Негативностите на онлајн образованието се исто така очигледни: комуникацијата лице в лице е сепак, најбогат комуникациски канал. Таа динамика е тешко да се постигне онлајн. Втор недостаток се можните злоупотреби. Работевме напорно за да ги надминеме евентуалните неетички ситуации. Планираме дополнително да го унапредиме системот на испитување со сесијата до крајот на семестарот.
Потоа, има и технички недостатоци. Во време во кое цел свет се поврзува онлајн, логично е да дојде до оптовареност на мрежата. Тоа посебно се чувствува откако кризата ескалира во САД: имено, после 16 часот, едноставно се преоптоваруваа серверите на сите провајдери на видео – конференции. За среќа, кризата траеше само 2-3 дена и брзо се надмина со активирање дополнителни сервери на облак, што ја зголеми проточната моќ.

Za vnatre 2 - online nastava

Онлајн настава на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје

-Какви се првите реакции на студентите?
Наставата преку видео – конференција ја почнавме на 13 и 14 март, прво само со две групи на постдипломски студии. Реакциите беа одлични, немаше никакви проблеми. Напротив, дури и беше комфорно за вработените професионалци и менаџери.
Студентите на додипломски студии имаа исто така интересно искуство. За прв пат полагаа на Moodle. Студентите на архитектура полагаа во домашни услови, со скенирање на проектот, а потоа и негова презентација пред професорите. Студентите на компјутерски науки пак, решаваа практични задачи и изработуваа проекти.
-Како ќе се развива хибридното учење во иднина? Кои се можностите за унапредување и развој?
Дефинитивно, образованието ќе се движи во насока на хибридно учење. Развојот на технологијата ќе го направи овој начин на учење уште подостапен, а распространетоста на брзиот интернет ќе овозможи видео – комуникација до сите.
Тоа се предности кои треба да се користат. Учењето за диплома е само едно ниво – тоа е почеток на животниот пат за младите луѓе. Но, учењето и усовршувањето низ целиот живот, е продолжување на тој животен пат и предуслов да останеме современи и конкурентни.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×