Проф. д-р Тони Дескоски ја издаде книгата „Меѓународно арбитражно право“
Објавено на од во Бизнис и политика

Portret Toni WEBПрв учебник по меѓународно арбитражно право

Во современата деловна практика и култура на глобално ниво, арбитражата не само што подразбира ефикасност во решавањето на споровите кои се постоен деловен ризик, туку е и condition sine qua non за правно-деловното работење.

 

Книгата “Меѓународно арбитражно право“ претставува прво авторско дело во Република Македонија која на сеопфатен и систематизиран начин ја обработува меѓународната трговска арбитража. Истата е резултат на долгогодишниот научниот интерес на авторот, д-р Тони Дескоски, редовен професор по меѓународно приватно право и меѓународно арбитражно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Ова е на некој начин исполнување на неговата идеја која тој ја има веќе подолго време, а тоа е да се востанови меѓународното арбитражно право како нова и посебна научна дисциплина.
“Книгата е наменета за студентите на последипломски студии и за пошироката стручна јавност. Студентите добиваат можност да се запознаат со сложената проблематика на меѓународната трговска арбитража, учејќи за најновите предизвици на оваа научна дисциплина. Но, ова четиво е од огрома важност за пошироката стручна јавност, пред се за правниците, адвокатите и сите чинители на деловната заедница кои секојдневно се соочуваат со меѓународни трговски трансакции”, вели за Капитал, професорот Дескоски.

Во книгата на сублимиран начин даден е целосен преглед на најзначајните прашања од областа на меѓународното арбитражно право – составувањето на арбитражната спогодба како основа за воспоставување на надлежност на меѓународна трговска арбитража, поведувањето и текот на арбитражната постапка, именувањето и составот на арбитражниот трибунал како и признавањето и извршувањето на арбитражните одлуки.
Деловната јавност преку книгата добива увид во правилата на најпознатите светски арбитражни институции, како што се Меѓународната трговска комора во Париз (ICC), Лондонскиот суд за меѓународна арбитража (LCIA), Виенскиот центар за меѓународна арбитража (VIAC), но и на Постојаниот избран суд Арбитража при Стопанската комора на Република Македонија. Четивото е особено актуелно имајќи ја во предвид богатата странска релевантна литертатура која е консултирана при изработката на книгата, како и големиот број на арбитражни одлуки кои се анализирани во текстот.
На тој начин, стручната јавност добива конкретен увид во теоријата, но и практиката, со што се овозможува при давањето на правните совети и изработката на поднесоците, да се има пред себе книга која претставува професионален водич низ светот на меѓународната трговска арбитража.

Значајно е да се напомене дека во книгата се дадените прилози кои го содржат текстот на Законот за меѓународна трговска арбитража, Модел-законот за меѓународната трговска арбитража на UNCITRAL од 1985 година со амандманите од 2006 година, како и Њујоршката конвенција за признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки од 1958 година на англиски и македонски јазик.

Книгата, во која има цитирано извонреден опус на литература, има и историско-компаративен пристап, при што се обработени националните законодавства за меѓународната трговска арбитража на повеќе држави, пред сè, на оние со најразвиена арбитражна практика. На многу места се користени најрепрезентативните случаи од меѓународната арбитражна и судска практика, со што книгата особено им се доближува на правните практичари.

KORICA GOTOVA DESKOSKI WEBВо книгата се елаборираат историскиот развиток и поимот на меѓународната трговска арбитража, правната природа на меѓународната трговска арбитража, изворите на меѓународното арбитражно право, видовите арбитражи, спогодбата за меѓународна трговска арбитража, именувањето и статусот на арбитрите, постапката пред меѓународната трговска арбитража, меродавното за суштината на спорот пред меѓународната трговска арбитража, поништувањето на арбитражната одлука и признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки.

Проф. д-р Тони Дескоски е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Предава на предметите Меѓународно приватно право и Меѓународно арбитражно право. Претседател е на Спортскиот арбитражен суд при Македонскиот олимписки комитет. Член е на претседателството на Постојаниот избран суд – арбитража при Стопанската комора на Македонија. Се наоѓа на листата на арбитри на Постојаниот арбитражен суд во Хаг. Професорот Тони Дескоски бил и член на работната група која го изготви Законот за меѓународна трговска арбитража на Република Македонија од 2006 година.
Во современата деловна практика и култура на глобално ниво, вели професорот Дескоски, арбитражата не само што подразбира ефикасност во решавањето на споровите кои се постоен деловен ризик, туку е и condition sine qua non за правно-деловното работење. Современите деловни субјекти, според него, на арбитражата гледаат како на правна сигурност и поради тоа што сериозноста на исполнувањето на обврските од конкретен деловен однос најдобро може да се согледа од постоењето на арбитражните клаузули.
Книгата „Меѓународно арбитражно право“, покрај нејзиното практично значење, ќе има и исклучителен придонес за студентите учесници на натпреварот за меѓународна трговска арбитража „Вилем К. Вис“, кој традиционално веќе 23 години се одржува во Виена и е собир на 300 најдобри универзитети во светот од областа на меѓународното арбитражно право. На овој натпревар, веќе неколку години по ред тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ постигнува големи успеси на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право во светот, под менторство на професорот Дескоски.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×