Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот
Објавено на од во Компании
Регионалниот центар на новинарите од Источна Македонија, во склоп на ЗНМ, на свеченост во Берово под наслов „Ноќ на источните оскари“, му додели признание на проф.д-р Ванчо Чифлиганец за личност за 2019 година.
113070841_3123414131068163_573230001817265001_o

 

„Кога ќе се рече проф.д-р Ванчо Чифлиганец, веднаш се мисли на личност чија судбина е да прави успех. Успех кој е од огромно значење за локалната, за регионалната заедница, за државата“, со овие зборови регионалниот центар на новинарите од Источна Македонија, во склоп на ЗНМ, на свеченост во Берово под наслов „Ноќ на источните оскари“, му додели признание на проф.д-р Ванчо Чифлиганец за личност за 2019 година, кој со своето дело придонел за афармација и подигнување на угледот на регионот на национално ниво.
„Верувам во својата држава и сакам да инвестирам и да создаваме добри дела, а признанијата само ја потврдуваат мојата заложба и посветеност. Искрено му се заблагодарувам на Здружението на новинари од Источниот регион што ми го доделија ова признание. Особено сум почестен што доаѓа од новинари од Источна Македонија, од каде што и јас потекнувам, каде што сум се изградил како личност и сум ги доживал првите големи успеси како стопанственик, најмлад директор на рудникот „Бучим“, кој во деведесетите ги доживеа златните времиња, како спортист и како прв човек на Боречката федерација, кој ја однесе Македонија на врвот, освојуваќи европска и светска шампионска титула.
Како пратеник биран во два мандати од народот. Како бизнисмен и прв човек на Адора инженеринг, компанија која постави нови стандарди и искачува нови скалила во градежништвото во високоградбата, филантроп, човекољубец, финансиер во спортот, културата, образованието. Сето ова новинарите го препознаа, а тоа за мене има посебно значење, бидејќи тие се гласот на народот во секое општество.
Како бизнисмен, спортист, филантроп сметам дека слободата на изразување, на комуникација и на информираност има огромно влијание врз развојот на демократијата. А наградите покрај чест се и одговорност и поттик на нешто што е направено да се развива и продлабочува и секој според потенцијалот и можностите да придонесе во развојот на државата. Сигурен сум дека можеме повеќе од она што досега сме го дале“, порача Чифлиганец.
Во краткото видео  подготвено од новинарите од Истокот, во кое се претставени успесите на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и неговата улога во афирмацијата и развојот на источниот регион, се вели дека е личност, кој воден од слоганот „Само делата се вистина“ во изминативе 18 години изгради една од најбрзорастечките и најуспешните компании во Македонија, предводник во имплементацијата на иновации, светски стандарди и современи трендови на квалитетно домување.
„Околу 13.000 граѓани и ја додоа довербата на Адора инженеринг, што за тимот на компанијата значи гордост, но и одговорност.Тоа е еден мал град на Адора. Потврда за успесите се освоените 7 интернационални награди и над 40 национални награди, за општествена одговорност, за енергетска ефикасност, за квалитет. Последниве години проф.д-р Ванчо Чифлиганец како акционер влегува во неколку домашни компании и во финансискиот сектор со што станува најголем акционер во една од најголемите и најсигурните банки во земјава, Комерцијална банка. Тој е голем филантроп, донатор, човекољубец, финансиер во спортот, во културата, образованието за што досега има издвоено над 5 милиони евра.“, велат од Адора инженеринг по повод признанието за проф. д-р Чифлиганец.
На свеченоста во Берово, новинарите од Источна Македонија, по шести пат им доделија признанија на истакнати личности од бизнисот, науката, културата, спортот, невладиниот сектор.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×