Проф. Лука Гнан: Наскоро ќе понудиме двојна диплома заедно со Универзитетот Американ Колеџ – Скопје
Објавено на од во Интервју

Luka Gnan1WEBПроф. Лука Гнан
шеф на катедрата по деловна економија на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим

Универзитетот Американ Колеџ – Скопје се труди своите студенти да ги научи да размислуваат критички и да го применат наученото во пракса, што е заедничка негова особина и на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим од каде што јас доаѓам. Затоа треба да соработуваме – отворениот ум е првиот чекор кон зближувањето што ни е потребно. Знам дека соработката ќе раскаже една поинаква приказна. И се разбира, ќе бидам многу горд што УАКС и Тор Вергата ќе бидат првиот пример во Македонија каде што еден домашен и еден странски универзитет ќе понудат двојна диплома, за што официјалното потпишување на договорот ќе се случи многу наскоро!

Професор Лука Гнан, шеф на катедрата по деловна економија на Универзитетот “Тор Вергата“ во Рим и потпретседател на Европската академија за менаџмент, деновиве беше гостин на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, каде говореше на Генералното собрание на Деловниот совет на УАКС, а одржа и предавања за студентите. Тор Вергата и УАКС имаат соработка изминатиов период, која што треба наскоро да се круниса со потпишување договор за организирање заеднички студии и стекнување двојна диплома. Тор Вергата е еден од помладите универзитети во Италија, но еден од најсовремените истражувачки академски институции во земјата, познат по ултра – модерната универзитетска клиника, италијанската Вселенска агенција, итн., додека Економскиот факултет е меѓу трите најдобри во Италија и 100-те најдобри во светот.

Професоре, што имаа прилика студентите на УАКС да слушнат од вас деновиве?

Пред с$, во моето официјално обраќање пред аудиториумот на УАКС, го потенцирав значењето на нетворкингот помеѓу универзитетите и бизнис заедницата, со цел стекнување нови компетенции за студентите, освен тоа што го учат како теорија. Истакнав дека преку истражување на одредена тема, студентите имаат можност да откријат ново знаење и вештини, кои што можат потоа да бидат применети во бизнис секторот. Затоа, компаниите треба да имаат можност да придонесат во процесот на креирање наставна програма на универзитетите во согласност со она што се бара на пазарот на работна сила.

Како се случи соработката помеѓу УАКС и Универзитетот Тор Вергата од каде што доаѓате?

Многу е интересно всушност, јас и ректорот на УАКС, проф. Марјан Бојаџиев, се сретнавме на венчавката на наш заеднички пријател (професор од Италија кој што предава на УАКС). Јас во таа прилика не само што се запознав со ректорот, туку  и со визијата на УАКС, и тогаш ми светна – па, овие луѓе ги имаат истите цели за својот универзитет, како и ние за нашиот, зошто да не соработуваме?!

Принципите на УАКС се навистина импресивни: меѓународен тим на предавачи, студенти од разни земји исто така, како и меѓународно акредитирани наставни програми и учебници. Истовремено, УАКС се труди своите студенти да ги научи да размислуваат критички и да го применат наученото во пракса, што е заедничка негова особина и на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим. Затоа треба да соработуваме, затвореноста само може да н$ заслепи и да н$ направи послаби. Отворениот ум е првиот чекор кон зближувањето што ни е потребно. Секој универзитет во светот си има своја уникатност во поглед на мисијата, земјата од која што доаѓа и тамошната култура. Сето тоа е подеднакво важно и заслужува почит. Страста за запознавање нешто поинакво  никогаш не треба да исчезне, а соработката е отворена врата кон иднината и можностите на нашите два универзитети да направиме нешто заедничко. Апстрактното знаење и теоријата треба да се прилагоди во овој динамичен свет. Знам дека соработката ќе раскаже една поинаква приказна. И се разбира, ќе бидам многу горд што УАКС и Тор Вергата ќе бидат првиот пример во Македонија каде што еден домашен и еден странски универзитет ќе понудат двојна диплома, за што официјалното потпишување на договорот ќе се случи многу наскоро!

Luka Gnan2 WEBСо оглед на тоа што ваши полиња на интерес и експертиза, меѓу другото, се и семејните бизниси, менаџментот и корпоративното управување,  би ви поставил неколку прашања на овие теми. Во Македонија, голем е предизвикот за сопствениците/менаџерите на семејните компании да го предадат управувањето на следната генерација; компаниите го надраснуваат капацитетот на основачот за менаџирање и лидерство, итн. Се соочуваат ли во Италија семејните бизниси со слични проблеми?

Некои велат дека компанијата е како сопствено дете за основачот. Не само во Италија, туку насекаде во светот ова што го наведовте е предизвик за семејните бизниси. Ангажирањето на професионални менаџери во крајна инстанца е оставено на субјективното расудување на сопственикот; објективно, секако дека е потребно да се подобрат перформансите на семејната компанија и сите останати аспекти во насока на остварување на целите што ги зацртал основачот/сопственикот. Доколку не може тоа да го стори со својот капацитет или со останатите ангажирани од најблиското семејство, логично е да побара помош од професионални менаџери.

Дали професионализацијата, или попрецизно кажано, “менаџеризацијата“, според вас,  е клучниот проблем, заеднички за семејните бизниси било каде во Европа и светот?

Секако дека овој предизвик не смееме да го игнорираме. Првиот впечаток што го добиваме за еден семеен бизнис е како всушност е уредена компанијата од менаџерски аспект. Но, во професионализацијата и менаџеризацијата како да се направи добар баланс помеѓу тоа што се семејни односи и од другата страна, компаниските цели и интереси? Тоа е исто така тежок предизвик. Се појавуваат тензии кога членови на семејството управуваат, дали ќе надвладеат емоциите или рационалноста, тоа се ситуации чувствителни за менаџирање.

Македонските семејни компании не го прифатија концептот на иницијална понуда на акции како алтернативен начин за прибирање свеж капитал. Кои се според вас, причините за овој скептицизам? Каква е ситуацијата во Италија?

Прво, поширок круг луѓе треба да го разбираат концептот на IPO (Initial Public Offering – Иницијална понуда на акции), не само финансиските елити, банкарите и сл. Потребни се едуцирани инвеститори, флексибилен секундарен финансиски пазар, и примарен пазар како фундамент. На пример, повеќето од италијанските мали и средни компании се потпираат на банките како основен извор на финансирање, а не на берзите како што е тоа случај во САД. Од друга страна пак, прифаќањето на алтернативните начини на прибирање свеж капитал зависи и од стратешките определби на секоја национална финансиска политика.

Како последнава финансиска криза ја смени парадигмата за корпоративното лидерство на глобално ниво: кои се сега клучните вредности за еден бизнис лидер сега? Ако прво беа hard skills, потоа soft skills, што е следната фаза во еволуцијата на менаџментот?

Ако гледаме од поширока перспектива, односно од акционери па до сите останати засегнати страни во бизнисот на една компанија, корпоративната општествена одговорност пополека станува основна грижа насекаде. Генерално, акдемиците и практичарите с$ повеќе и повеќе посветуваат внимание на одговорноста кон општеството, бизнис етиката, релациите со заедницата, итн. Во меѓувреме, се развива трендот на поголемо ангажирање на вработените во компаниските процеси, економиката на споделување ресурси, финансирање од голем број на мали извори – crowdfunding, како и некои нови механизми за изградба на идните бизнис еколошки системи.

Објаснете за нашите читатели што е EURAM? Кои се целите и мисијата на оваа организација?

Европската академија за менаџмент – EURAM  цели кон креирање на ангажирана академска заедница во Европа, меѓународно  и крос – културолошки  инволвирана. Дизајнирана е за поддршка во различните фази на академската кариера: нетворкинг во раната фаза на кариерата, истражувачките методологии и развојот на менаџерската едукација, дијалогот помеѓу академските професионалци, луѓето од праксата и креаторите на политиките. Поконкретно, стратешките постулати на ЕURAM се: нејзино издигање во средина каде што сака да припаѓа секој студент и професор по менаџмент, преку негување на вредностите како што се демократијата, инклузивноста, родовата еднаквост, итн., како и преку грижата за следните генерации на академски граѓани од областа на менаџментот; второ: зајакнување на влијанието на EURAM преку градење на репутација на современа, истражувачки и дебатно  настроена организација, која што ќе предводи и инспирира стратешки иницијативи, програми и проекти во областа на менаџментот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×