Проф. Методи Чепреганов: Агресивноста во интерперсоналните односи (1 дел)
Објавено на од во Колумни
prof.d-rChepreganovMetodi

Проф. д-р Методи Чепреганов

Како меѓусебните емотивни контакти имаат влијание врз нашиот живот

Во нарушувањата на индивидуалните   посебности на личноста, кои се во длабока взаемна   корелација со интерперсоналните   односи и контролираното и хармонично или агресивно   однесување на една личност, најновите   сознанија зборуваат за т.н. социјален мозок, со веќе дефинираните мозочни центри   и мрежи кои се   имплицирани во овозможувањето на капацитетите на социјалната  когниција.

 

Низ сите вековија и во сите цивилизации од постоењето на светот, бројни мислители и филозофи го актуализирале прашањето на моќта на човековиот деструктивен нагон, поточно на човековата агресија, во секојдневните интерперсонални односи, но и надвор од нив, но, за жал дефинитивен одговор до денес не постои, Агресијата, како интерконтакт и однос помеѓу нас, била актуелна, е актуелна и останува и понатаму актуелна.

Отворено е прашањето: колку, на кој начин и со каков интензитет, емотивните меѓусебни контакти во меѓучовечките (интерперсонални) односи, имаат влијание врз нашиот афективен живот, врз нашето расположение, нашата блискост и меѓусебно разбирање, почитување , толеранција и флексибилност?

Едно е вистина, родената емоција, психоемотивен наплив, во нас го активира нашиот афект во акција и движење, правејќи еден хормонален дисбаланс и активирајќи одредени неуромодулатори и неуромедијатори, состојба која ако е пролонгирана и хронична секогаш доведува до психосоматско заболување.

Потоа, каков пат таа ќе следи навистина зависи од бројни генетски и инкорпорирани фактори, така што емотивните напливи или ќе ги задржиме во нас, или ќе ги експримираме директно, или ќе ги модулираме и ќе ги трансформираме комплетно, со еден збор тие напливи, или ќе успееме да ги ставиме под некаква контрола на нашата будност, внимание, едукација и знаење, или тоа нема да ни успее и емотивниот пламен, едноставно ќе пламне и ќе се разгори околу нас.

Значи, нашиот одговор може да биде или агресивен, или воздржан, рационален, со посебен, контролиран и одбран вокабулар од зборови, кој во себе ќе содржи когнитивно емоционална и социо – компортементална комплексност, со психоаналитичка обработка што ќе ја чини специфичноста на одговорот на една созреана и комплетна личност, или обратно, тоа ќе биде одговор од една нематурирана и незрела личност, која во одговорот ќе искаже огромна доза на агресивност и недоличен вокабулар.

Секој емотивен наплив, ние со нашата будност и внимание, во рамките на еден глобален процес, да го наречеме регуларен и крајно контролиран, го преработуваме во нас и го креираме со нашите сознателни капацитети, во склопот на т.н. наша емоционална сознателност, која ја поседува секој од нас.

Токму таа го регулира и идентификува нашиот одговор со кој се претставуваме кон соговорникот и кон околината која не опкружува.

Експресијата на тој одговор е крајно модулирана и во сето она што ние во дадениот момент ќе го одиграме на сцената со нашиот соговорник, тоа наше актерство ќе биде дело и одраз на нашата личност, поточно нашиот изглед и целокупната наша мимика ќе биде огледало на нашите психоемотивни напливи, креирани од нашиот емотивен мозок, поточно од фамозното амигдално јадро во лимбичниот систем, но и одговор кој дефинитивно ќе го декланшираат структурите во префронталниот лобус.

Колкава ќе биде нашата самоконтрола во формата на меѓусебната регулација, нашето социјално партажирање на емоционалните напливи кон надвор, одмерено, смирено и пристојно, или хистероидно, брутално, агресивно и некритично, со голема доза на простотија и примитивизам, аутоконтролата ќе биде во апсолутна корелација со одпорано стекнатата, социјална едукација, знаења, и инкорпорирани норми, кои ќе можат, или не, да ја контролираат експресијата на нашите емоции према соговорникот.

Со еден збор нашиот одговор и однесување се во длабока корелација со зрелоста и матурацијата на нашата личност.

43ceВо нашите интерперсонални односи ништо не е случајно

Токму, во овој контекст ќе направиме една променада низ цивилизациските психо – емотивни основи на животот,

Конфучие, многу одамна, во своето дело УМОТ ЦАРУВА, А МОЌТА И СНАГАТА ТРУЛАТ ќе каже: да живееш и да постоиш значи да работиш, да твориш, да креираш, да ствараш, да умееш, да почитуваш, да те краси ЕМПАТИЈА, флексибилност и толерантност, значи да имаш СВЕСТ И СОВЕСТ.

Свеста е физиолошка функција, а совеста еволутивен процес при кој на психофизичката обдареност од мајката природа, со тек на време личноста аквирира и инкорпорира воспитание, едукација, знаења, искуство, социјални, морални, етички и духовни норми, личноста постепено созрева, матурира во милјето во кое постои, поточно во средината на фамилијата, во опкружувањето, во државата, во специфичноста на климатските услови, со начинот на исхрана и живеење.

Тоа се насушните норми кои ја формираат цитоархитектурата на една личност, кои го креираат и формираат нејзиниот психопрофил.

Модерната психологија за матурирана личност вели зрелост со социјална когниција.

ЛИЧНОСТА е конгломерат од 7 психички функции (памтење, мислење, внимание, нагони, перцепции, волја, афект. сите под плаштот на осмата функција, а тоа е СВЕСТА.), инкорпорирани хармонично кога личноста е зрела и умее да почитува, да има емпатија , да разговара, да биде толерабилна и флексибилна, со спремност, култура и интерперсонален однос да може да се договори и да донесе едно адекватно решение, кое е во корелација со капацитетот на нејзината емоционална интелигенција.

Или дисхармонично, со злоба, љубомора, завидливост, карактерни настраности, параноичност и малигна нарцисоидност- малиген нарцизам со садизам, агресивност, параноја и несоцијален модел на однесување во интерперсоналните односи.

Во нашиот мозок постојат две спротивставени структури кој се во постојана спрега, од една страна амигдалното јадро, нашиот емотивен мозок и носител на емоционалната интелигенција и нашите психоемотивни напливи, значи нашите емоции и емотивен живот кај секого од нас и структурите на префронталниот лобус, нашиот рацио, кој ја контролира амигдалата и емоциите и ја донесува децизијата, одлуката за нашиот мисловен дуктус, со каков вокабулар, но и како и на кој начин и со каква мимична гестикулација, гримаса, боја на глас и движение ќе биде нашиот однос кон соговорникот, дома на улица, на работа, секаде и на секое место.

Ова значи, дека во нашите интерперсонални односи, или како психологијата вели КОМПОРТЕМЕНТ- ОДНЕСУВАЊЕ, ништо не е случајно, се е предодредено и зависи од тоа колку сме ја созреале и надградиле нашата личност, со норми на воспитание и едукација, поточно богатство на знаење и искуство.

Практично овие две структури се нашето ОГЛЕДАЛО КОН НАДВОР, нашата КАРАКТЕРНА ЕКСПРЕСИЈА на особините на ПСИХОПРОФИЛОТ на нашата личност, тоа сум јас, тоа сме ние со сето она што го носиме и што сме го инкорпорирале во нас како норма и параметар, социјален, морален, етички и духовен, на фон, како веќе реков, БОГАТСТВОТО ОД ЗНАЕЊЕ, кое или го имаме, или го немаме.

Социјална когниција

Во нарушувањата на индивидуалните посебности на личноста, кои се во длабока взаемна корелација со интерперсоналните односи и контролираното и хармонично или агресивно однесување на една личност, најновите сознанија зборуваат за т.н. социјален мозок, со веќе дефинираните мозочни центри и мрежи кои се имплицирани во овозможувањето на капацитетите на социјалната когниција.

Под социјална когниција подразбираме збир од ментални процеси кои подржуваат одредени наши социјални интеракции од типот на перцепции, интерпретација, како и нашиот одговор на однесувањето на другите, поточно на околината, намерите, плановите, желбите, замислите, верувањата и емоциите.

Процесите на социјалната когниција ни овозможуваат да ги конструираме нашите релации во нас самите, односот со другите и тој однос да биде на максимално флексибилен начин и без било каква агресија..

На тој начин капацитетот на социјалната когниција не води и управува со нашето социјално однесување (цомпортемент), со нашата адаптација, како многу значаен фактор во поставувањето на нашите соодветни социјални интеракции, познати како миграционен синдром.

Докажано е дека овие психоафективни нарушувања, како и нарушувањата во однесувањето имаат силни консеквенци на квалитетот на животот, на интеграцијата во милјето и во професијата.

Студиите за лезиите на овие нарушувања. Особено neuroimaging дијагностичките инвестигации идентификуваа одредени мозочни центри и мрежи кои се имплицирани во овозможувањето на капацитетите на социјалната когниција, сега веќе опишувани со нов вокабулар наречен “ социјален мозок “, а тие мозочни структури се во директна или индиректна релација и корелација со агресијата, импулсивноста и неконтролираното агресивно однесување и недоличен вокабулар.

 

 


1ceИзглед на лицето при различни емоционални експресии

(од лево кон десно) бес и јарост, страв, гадење и одвратност, радост, тага.

Денес, библиографијата за социјалниот мозок и социјалната когниција е повеќе од бројна. Приодите се богати, содржајни, експериментални, емпириски и имаат единствена цел, елаборација на сите човекови страсти и карактерни особености, и добри и лоши, во обидот секој од нас да ја најде вистинската смисла на животот.

Социјалната когниција и оформувањето на социјалниот мозок е долготраен процес, кој траел, трае и ќе трае, тоа е еволутивен процес кој е составен дел од нашето постоење.

Овој процес кој тече и живее со нас и во нас постојано, не треба да се сфати како банален психолошки комплекс за кој објаснување треба да бараме во траумите од детството, никако, обратно, тоа е вековниот и исконски обид на човекот да ја сфати смислата на животот, за себе и кон себе лично, да доживее највисок степен на интензивност и моќ и снага и да го доживее тоа во одредени услови на неговиот живот.

Таа негова желба е негова религија, негов ритуал и негов култ кон возвишеното.

Во своето дело ”Човековата потреба по смислата“ Виктор Франкл ќе каже: ..настојувањето да се пронајде смисла во животот е примарна мотивациска сила на човекот…тоа е волја за смисла…наспроти Фројдовиот принцип на уживање, нарекуван како нагонска волја за уживање и наспроти принципот од индивидуалната психологија на Адлер, нарекуван како волја за моќ…

Човековата волја за смисла е примарниот двигател во секодневието на нашиот живот, тоа во никој случај не треба да го сфатиме како една секундарна рационализација на нашите нагонски пулзии.

Волјата за смисла е основна, специфична и единствена за секого од нас и треба да се трудиме да ја оствариме и исполниме, како би биле НИЕ, односно ЈАС, дека постоиме и дека сме постоеле.

Секој од нас треба да ја пронајде својата цел и смисла во животот и неговата желба треба да биде основниот патоказ во неговиот живот.

(Продолжува)

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×