МАЈКЛ ХАДСОН: Интересите на моќниците ги спречуваат реформите во офшор работењето::
Објавено на од во Профил

Mike-Hudson-headshot

МАЈКЛ ХАДСОН уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство

Офшор работењето е длабоко вкоренето меѓу политичката и финансиската елита низ целиот свет, заради што, имајќи ги во предвид личните интереси на најмоќните, ќе биде многу тешко да се спроведат било какви реформи, вели за Слободна Европа, Мајклс Хадсон, уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство по повод објавувањето на “Panama papеrs”.

 

Мајклс Хадсон, уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство деновиве се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако протекоа над12 милиони документи од адвокатската фирма од “Mossak Fonseka” кои открија како речиси целата богатата светска елита го крие своето богатсво по даночните раеви.

Уште со самото објавување на податоците веднаш почна да се лицитира кој стои зад ова досега најголемо протекување на доверливи податоци. Според неговите зборови, германски дневен весник Зидојче Цајтунг ги добил материјалите уште пред една година од страна на “свиркач” (whistleblower) кој им соопштил дека има неправилности во работењето на адвокатската фирма во Панама, Мосак Фонсек, и дека би сакал тоа да се разоткрие. Овие информации Германците ги споделиле со Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, кој формирал тим во кој учествувале 370 новинари од над 100 медиумски организации од повеќе 70 земји кои во изминатава година ги обработувале сите добиени податоци за да потврдат дека тие се веродостојни. И во неделата за прв пат јавноста дозна за Панамските документи откако светските медиуми коррдинирано почнаа да ги објавуваат имињата на сите политичари, бизнисмени, славни личности кои ги ккористеле услугите на панамската адвокатрска фирма за да отвараат фирми во даночните раеви низ Пацификот.

“Мосак Фонсека не може едноставно да негира дека не се виновни. Тие беа вмешани во работи со многу сомнителни клиенти, вклучувајќи лица и компании кои веќе биле на црната листа на американските власти поради вмешаноста во незаконски работи како што се мексиканските нарко дилери и терористичките организации како Хезболах и држави од типот на Северна Кореја и Иран. “Мосак Фонсека” како посредник беше обврзан спрема законот да води сметка кои се неговите клиенти”, вели Хадсон.

putinСпоред него, овие документи покажуваат дека политичката и финансиска елита ширум светот масовно ги користи офшор системите. “Тука не се работи само за една земја или лидер, туку како елита, најбогати и најмоќни луѓе ширум светот користат офшор за своите работи- кои не мора секогаш да биде незаконит- како посебен, подземен систем како дел од глобалниот финансиски поредок. Офшор работењето, им овозможува на моќниците тајно да основаат фирми и да префрлаат пари, што значително со самото тоа им се отежнува на надлежните институции да утврдат состојба и според тоа да докажат и делуваат. Ни САД не се имуни на таква врста на работење. Иако во САД се крева голема прашина околу офшор механизмот, па дури и најавуваат негово значително ограничување, пресметката со преку граничното избегнување на данокот- вистина е дека многу Американци тоа итекако го користат”, објаснува тој.

Оваа афера извади на виделина уште еден друг факт. Дека Британија е во срцето на меѓународното избегнување даноци дозволувајќи им на овие мали остатоци на империјата да применуваат тајни закони за даноци и да воспостават офшор компании кои работат без транспарентност.

Деновиве се поставуваа многу прашања за британските прекуморски територии, како и улогата на Лондон во движењето на парите низ многу сложена офшор мрежа. Се поставуваат и многу сериозни прашања околу функционирањето на овој механизам во САД, поточно како преку офшор компаниите се купуваат луксузни недвижности во Њујорк или Мајами, затоа тајните патишта на парите од трговијата со дрога, избегнувањето даноци и други нелегални финансиски трансакции кои се префрлаат преку големите американски банки.

Кога ќе се споменат офшор териториите, луѓето обично мислат на мали острови „на крај на светот“ во Карибите или Пацификот. Меѓутоа, во секоја истрага пресудна е улогата на големите компании, пред се банките и другите моќни институции кои заработуваат огромни количини пари низ офшор системот поради што тешко е да се спроведат реформите.

Можеби звучи како претерување, но многу политичари од левицата деновиве тврдат дека токмуи офшор работењето значително придонесло за избивање на глобалната економска криза во 2008 година и за продлабочување на нееднаквостите помеѓу најбогатите и останатите.

“Нема сомнение дека многу истражувачи на нееднаквоста сметаат дека офшор работењето е нејзиниот главен причинител, овозможувајќи и на финансиската и политичката елита се повеќе да се богатат”, тврди Хадсон.

Викиликс против Панамаликс

“САД го финансира скандалот предизвикан со објавувањето на Панамските документи, обвинија претставници на WikiLeaks, како одговор на интервјуто на директорот на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Џерард Рајли, за магазинот Wired.
Најголемата огранизација што објавува тајни, класифицирани документи, беше испровоцирана откако Рајли во интервјуто, на прашањето зошто од Панамските документи се засегнати многу малку Американци, одговори дека нема план да се обајави целиот сет од податоци, како што тоа го прави WikiLeaks.
„Ние не сме WikiLeaks. Се обидуваме да покажеме дека новинарството може да биде одговорно“, рече Рајли.
Секако, на луѓето од WikiLeaks не им се допадна што беа окарактеризирани како „неодговорни“, и веднаш одговорија дека Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари е „организација со која се управува од Вашингтон и што ја финансира Џорџ Сорос“, и која, пради тоа, „има проблем со WikiLeaks“.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×