Профитот не е повеќе главен и единствен мотив: „во мода“ се нови цели
Објавено на од во Економија

Amerikanski kompanii2Речиси 200 шефови на најголемите американски компании потпишаа заедничка изјава

Вложувањето во вработените, испорака на вредност за потрошувачите, етичко однесување со добавувачите и поддршка на локалните заедници: отсега тоа се и официјално новите цели на американските корпорации.

 

Зголемување на вредноста за акционерите не е повеќе главниот фокус на некои од американските топ бизнис лидери, пишуваат медиумите во САД деновиве.
The Business Roundtable, како што се нарекува групата на главни извршни директори на дел од најголемите корпорации во САД, издадоа во понеделникот, 19 август, соопштение каде што даваат нова дефиниција за “целта на една корпорација“.
Реформулираната идеја за тоа што треба да се главни цели на една компанија ја отфрла со векови старата идеја дека функцијата на корпорацијата е првенствено да служи на интересите на акционерите, односно да го максимизира профитот. Сега, инвестирањето во вработените, испорачување вредност за купувачите, етичко менаџирање со добавувачите, како и поддршка на заедницата – тоа се новите цели на американската корпорација, според изјавата на The Business Roundtable.
42j„Истовремено додека секоја од нас индивидуално како компанија се стреми кон сопствените корпоративни цели, ние споделуваме фундаментална посветеност кон сите наши стејкхолдери“, се вели во изјавата потпишана од 181 извршен директор. „Се обврзуваме да испорачаме вредност кон сите од нив, во интерес на идниот успех на нашите компании, нашите заедници и нашата држава.“
Совеста на Волстрит е на истурена позиција на американскиот бизнис и политика во последно време, како што пишува CNBC, што се гледа според доминацијата на прашањата како економска еднаквост и фер бизнис практики во предизборниот циклус за изборите во 2020 година, како и во целокупната медиумска сфера.
The Business Roundtable, формирана во 1972 година, има објавено многу изјави во врска со принципите на корпоративното управување од средината на 1970-те наваму. Групата на топ менаџери вели дека новата дефиниција за целта на корпорациите ги „заменува“ досегашните дефиниции и претставува “современ стандард за корпоративна одговорност“.
„Американскиот сон е жив, но тој еволуира“, вели Џејми Дајмон, претседател и главен извршен директор на J.P. Morgan Chase и воедно претседавач со Business Roundtable.
Покрај Дајмон, изјавата ја потпишаа и шефовите на компании како Џеф Безос на Amazon, Тим Кук на Apple, Брајан Мојнихан на Bank of America, Денис Мјуленбург на Boeing, Мери Бара на General Motors, итн.
„Најголемите работодавци инвестираат во своите вработени и локални заедници затоа што знаат дека тоа е единствениот начин за успех на долг рок. Овие модернизирани принципи ја рефлектираат несомнената посветеност на бизнис заедницата да продолжи со развој на економија којашто им служи на сите Американци“, додаде Дајмон.
Меѓу потписниците е и шефот на инвестициската куќа BlackRock, Лери Финк, којшто претходно ги повика сите корпоративни директори во САД да ги преиспитаат целите на компаниите што ги предводат, особено да го преиспитаат линкот помеѓу целта и профитот.
„Профитот не е цел сам по себе, туку анимирачка сила за постигнување на самите цели“, напиша Финк во годинешното писмо до акционерите. „Како што се продлабочуваат поделбите во светот, компаниите мора да ја демонстрираат својата обврска кон државите, регионите и заедниците каде што делуваат, особено за прашањата коишто се клучни за идниот напредок на светот.“
Финк вели дека основните економски промени и неуспехот на американската влада да обезбеди трајни решенија го принудија општеството да бара од компаниите да бидат предводници во решавање на социо – економските прашања, како што е заштита на животната средина или пак расната и половата еднаквост.

Еве што пишува во најновата изјава за корпоративните цели на без малку 200 шефови на најголемите американски компании, обединети околу платформата The Business Roundtable:
Американците заслужуваат економија која му овозможува на секој поединец да успее преку напорна работа и креативност и да води исполнет и достоинствен живот. Веруваме дека системот на слободен пазар е најдобро средство за создавање добри работни места, силна и одржлива економија, иновации, здраво опкружување и економски можности за сите.
Бизнисите играат клучна улога во економијата преку создавање работни места, поттикнување на иновации и обезбедување на основни добра и услуги. Бизнисите произведуваат и продаваат потрошувачки добра; произведуваат опрема и возила; ја поддржуваат националната одбрана; одгледуваат и произведуваат храна; обезбедуваат здравствена заштита; произведуваат и испорачуваат енергија; и нудат финансиски, комуникациски и други услуги што го поддржуваат економскиот раст.
Додека секоја од нашите индивидуални компании служи на својата корпоративна цел, ние споделуваме фундаментална посветеност кон сите наши засегнати страни. Ние се обврзуваме на:
  •  Испорака на вредност за нашите клиенти. Ние ќе ја продолжиме традицијата на американските компании кои се борат за исполнување или надминување на очекувањата на клиентите.
  •  Инвестирање во нашите вработени. Ова започнува со фер плата и обезбедување на важни бенефиции. Исто така, вклучува нивна поддршка преку обука и едукација коишто помагаат во развој на нови вештини потребни во ова брзо менување на светот. Ние стимулираме разновидност и инклузивност, достоинство и почит.
  •  Правично и етичко однесување со нашите добавувачи. Ние сме посветени да служиме како добри партнери на другите компании, големи и мали, кои ни помагаат да ги исполниме нашите мисии.
  •  Поддршка на заедниците во кои работиме. Ние ги почитуваме луѓето во нашите заедници и ја заштитуваме животната средина прифаќајќи одржливи практики во нашите деловни активности.
  •  Создавање долгорочна вредност за акционерите, кои обезбедуваат капитал што им овозможува на компаниите да инвестираат, растат и иновираат. Ние сме посветени на транспарентност и ефективно ангажирање со акционерите.
Секој од нашите стејкхолдери е суштински важен. Ние сме посветени на испорачување вредност кон сите нив, за иден успех на нашите компании, нашите заедници и нашата држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×