Прогнози за зголемени цени и помалку порачки и вработени во трговијата на мало
Објавено на од во Економија
Зголемени се продажните цени во трговијата на мало во вториот во однос на првиот кваратл годинава, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци.
колонијалEкономската состојба на фирмите од овој сектор во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава е понеповолна, а e поповолна во однос на вториот квартал лани.
Такви оценки изнеле раководителите на фирмите од тргивијата на мало кои очекуваат понеповона состојба и во следните два квартала.
Како што објави  Државниот завод за статистика, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, како и за бројот на вработените.
Количеството на залихите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје.Финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година.
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,4 процентни поени во однос на истото тримесечје од минатата година.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на вториот квартал годинава имале: недостигот на обучен кадар со 21 процент, слабата побарувачка од купувачите со 20,2  процента, зголемени трошоци за труд со 18,4 проценти и зголемената конкуренција на пазарот со 16,8 проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×