Прогресот на државите од Западен Балкан кон ЕУ ќе ги подобри нивните кредитни рејтинзи
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најновата студија на Moody’s открива  дека континуираниот прогрес кон членство во Европската унија ќе ги подобри кредитните профили на државите од Западен Балкан, но спорото реформирање може да ја одложи временската рамка потребна за членството.

9c2f4ac3897de1e2fbf36bf7c94f35b2

Процесот на интеграција ќе ги подобри институциите, конкуренцијата и инфраструктурата на земјите во Западен Балкан. Но, сложените регионални политички предизвици ќе го успорат усвојувањето на реформите потребни за процесот. Тоа, заедно со песимизмот за проширување кој владее во Западна Европа, најпосле ќе го одложи членството во предвидениот рок.

„Главниот економски бенефит ќе бидат инвестициите во инфраструктурата и подобрената конкурентност“, вели Еван Волман, заменик претседател на Moody’s и коавтор на студијата.

Конвергенцијата кон ЕУ ќе ги зајакне клучните фискални и монетарни институции, вклучувајќи ги независните совети за фискална политика и централните банки.

Подобрените индикатори за владеење во централните и источните членки на ЕУ од 2004 и 2007 година илустрираат материјални добивки од аспект на нивните кредитните профили.

Изедначувањето со политиките и стандардите на ЕУ ќе помогне во зајакнувањето на слабата бизнис средина и ќе го поттикне развојот на повеќе конкурентни приватни сектори низ регионот, со што ќе се подобри потенцијалниот раст. Дополнително, фондовите на ЕУ ќе помогнат во намалувањето на големиот инфраструктурен дефицит во државите, зајакнувајќи ја енергетската сигурност, транспортот и најважно, интра-регионалната трговија.

Додека многу од државите на Западен Балкан веќе имаат бенефит преку инвестиции и трговија со ЕУ, има изгледи за понатамошни добивки ако државите успеат да се искачат во вредносниот синџир и ја зголемат извозната софистицираност. Но, политичката динамика во и меѓу регионалните држави ќе ги фрустрира подготовките и ќе го намали темпото потребно за интеграција со ЕУ, сметаат од Moody’s.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×