ПроКредит Банка отвори филијала во Солун  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Prokredit 4ПроКредит банка во понеделникот на 9 мај официјално ја отвори својата филијала во Солун, со што ПроКредит банка сега е присутна во 11 земји од регионот.

На настанот присуствуваа повеќе од 750 бизнис клиенти на ПроКредит банка од регионот, како и највисоките претставници на ПроКредит Холдинг Германија, високи претставници на eвропските тела, меѓу кои Димитрис Аврамопулос, Европски комесар за внатрешни работи, Ханс Јоаким Фухтел, државен секретар при Министерството за економски развој на Германија и Константинос Михалос, Претседател на Унијата на грчките стопански комори на Грција.

За присутните бизнис клиенти на ПроКредит банките во групацијата се реализираа бизнис со бизнис средби и присутните бизнисмени имаа можност да реализираат до седум состаноци во еден ден и да запознаат потенцијални партнери за соработка од сите земји каде ПроКредит Банка има свое претставништво. Меѓу нив беа и педесет бизнисмени, клиенти на ПроКредит банката во Македонија, кои остварија успешни состаноци и добија информација од прва рака за бизнис можностите во Европа.

Prokredit 3За македонските бизниси и население кои соработуваат со партнери од Грција, присуството на ПроКредит во Солун има големи придобивки кон соработката и трговски релации, меѓу кои се најбрзи и најповолни дознаки и приливи, најповолно повлекување на пари од банкоматите во филијалата 24/7, можност за вмрежување, крос бордер финансирање и можност за меѓународен финансиски лимит во рамки на Групацијата.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×