ПроКредит банка понуди услуга за еко штедење
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еко Штедна КнишкаСо иницијатива за поголема еколошка свесност, ПроКредит Банка овозможи нова и уникатна услуга за еко штедење.

Еко штедната книшка овозможува комплетирање на еко стратегијата што ПроКредит Банка ја практикува и во досегашното работење. Со креирање на еко фонд, отсега ќе може да се кредитираат поголем број на еко проекти и да се допринесе за намалување на CO2 емисиите во воздухот. ПроКредит досега има кредитирано повеќе од 26 милиони евра во еко проекти, применува енергетско ефикасни решенија во својата мрежа на банки, вози електрични автомобили и не кредитира инвестиции кои имаат негативно влијание врз животната средина.

Компанијата Пакомак е првиот еко-клиент на Прокредит Банка и Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак го споделува своето мислење за ЕКО иницијативата на ПроКредит :

Филип Ивановски - Пакомак„Активно ја поддржувам иницијативата на „Прокредит банка“ за поттикнување на еколошката свест во општеството и верувам дека сите заедно можеме да придонесеме за подобра животна средина и поквалитетен начин на живеење. Ова е фантастичен потег, се воодушевив и сигурен сум дека многу граѓани ќе штедат ЕКО!“, вели Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“.

Еко штедната книшка овозможува директно учество во еко иницијативите на банката, позитивна навика за штедење и пристап до заштедите 24/7 на банкомат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×