ПроКредит Банка со нов продукт – кредит со осигурени побарувања како обезбедување
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучните двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкурентноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање.
ПроКредит 11
ПроКредит Банка, како специјализирана банка за мали и средни претпријатија, ги следи потребите на овие компании и континуирано воведува новости и иновации за обезбедување професионална и високо-квалитетна услуга. Eдна од овие новости е краткорочен кредит за ликвидносни потреби на компаниите каде како обезбедување ќе се заложуваат осигурени побарувања од купувачи. Со цел доближување на овој производ на компаниите и дискусија за предностите од овој тип на финансирање, ПроКредит Банка во соработка со Триглав Осигурувања, на ден 17 април 2019 организираше настан, на која присуствуваа преку 60 компании заинтересирани за новиот тип на кредит. На настанот во детали беа објаснети можностите и придобивките кои бизнис заедницата може да ги добие преку имплементација на ваквиот принцип на финансирање.
Во својата презентација за условите и начинот на исплата на кредитот со обезбедување осигурени побарувања Милан Дамчевски, Директор на бизнис сектор за корпоративни претпријатија во ПроКредит Банка потенцираше:
“Како дел од интернационална групација на банки специјализирани за професионална услуга за МСП, ПроКредит Банка континуирано ги следи потребите на компаниите и презема иницијативи за комплетна поддршка на нивната бизнис активност. Со воведување на кредит со обезбедување осигурени побарувања, ПроКредит Банка овозможува олеснет пристап до кредити за сите иновативни претприемачи кои имаат план за развој на бизнисот. Овој кредитен производ активно се користи на развиените економски пазари и истиот има голем број на предности: сопствениците на бизнис имаат полесен пристап до финансирање, без притоа да заложат подвижен/ недвижен имот кој ќе биде искористен како обезбедување на кредитот, како и флексибилност и брзина во процесот на одобрување, но и отплата на кредитот. Како банка специјализирана за работа со бизниси, ПроКредит знае да препознае добра инвестиција, да даде поддршка и да биде банка партнер на бизнисот. Секој проект го анализираме одделно и во соработкасо сопственикот на бизнисот се договараме за финансиски лимит и начин на кој би можеле финансиски да ги поддржиме нивните иновации. Кредитот со обезбедување осигурени побарувања ќе биде дел од финансискиот лимит на нашите клиенти и ќе им овозможи брз и едноставен пристап до финансии.”
Во име на Триглав Осигурување, на настанот присуствуваше, г. Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на компанијата кој изјави: “Клиентите се наш примарен фокус, секогаш се обидуваме да ги препознаеме нивните потреби и да одговориме соодветно, преку градење на долгорочни партнерства, кои обезбедуваат взаемен прогрес. Кредитот со обезбедување на осигурени побарувања во Триглав, којшто нашиот партнер Прокредит банка, го понуди на пазарот, е токму таков пример. Триглав Осигурување, прв на пазарот во својата понуда вклучи осигурување на побарувања, производ, наменет за сите компании, кои што вршат продажба на производи и услуги, како на домашниот, така и на странските пазари. Нашите компании во голема мера овозможуваат на купувачите одложена исплата, што беше основна причина да направиме производ, со кој што ќе им помогнеме на нашите клиенти да се осигурат дека своите побарувања ќе ги добијат навремено и во целост, како од домашните, така од странските купувачи.
ПроКредит 22
Осигурувањето на побарувања во основа ги штити добавувачите од ризикот ненаплатени побарувања. Производот го штити осигуреникот од ризици како банкрот, или стечај на купувачот, т.е. во ситуации кога купувачот ќе стане несолвентен. Ова осигурување исто така го штити осигуреникот во случај кога купувачот нема да изврши навремено плаќање.
Осигурувањето на побарувања има влијание врз многу сегменти од работењето на една компанија. Покрај основната заштитна улога, тоа овозможува и подобрување на перформансите во работењето и е алатка која што придонесува кон унапредување на конкурентноста и зголемување на продажбата. Исто така, овозможува поповолно задолжување кај банките, имајќи во предвид дека осигурените побарувања можат да се користат како колатерал, а со тоа и да се добијат подобри услови на задолжување на пазарот на капитал.”
Интересот кај претприемачите за овој тип на кредитирање е голем, особено кога станува збор за компании кои се во процес за раст и имплементација на нови бизнис планови. Кредитниот производ може да се пласира во форма на кредитна линија со максимална рочност до 36 месеци и кредит со еднократна отплата, по наплата на побарувања од купувачи, со максимална рочност до 12 месеци. Користењето на ваков тип на финансирање е стратешка одлука за секоја компанија и не само што овозможува пристап до средства за краткорочна ликвидност и обрт, истовремено придонесува и за зголемување на финансискиот резултат на бизнисот.
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×