ПроКредит Банка вечерва ја отвара новата и уникатна управна зграда во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ПроКредит Банка денеска ќе го одбележи 13-oт роденден во Македонија со отворање на новата управна зграда. Станува збор за објект кој е граден според најсовремените енергетско ефикасни параметри.

Вечерва во 19 часот отворањето на новиот објект, кој се наоѓа во Карпош 4, ќе биде одбележан со презентации за енергетски ефикасните инсталации на зградата, говори на највисоките претставници на ПроКредит холдингот, гувернерот на Народната Димитар Богов и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. За вечерашниот настан предвиден е спектакуларен музички огномет.

Prokredit Banka novaОпштествената одговорност и еко стратегијата за заштита на животната средина се основни принципи на политиката на работењето на банката и може да се прикажат преку нивната нова градба. Новата централа претставува енергетски ефикасно решение и е уникатна од овој вид во Македонија.
Банката произведува електрична енергија за своите потреби преку фотоволтаични панели инсталирани на покривот, па така објектот има многу мало негативно влијание врз животната средина. Останати параметри кои се одликуваат со енергетска ефикасност се: ефикасната изолација, штедливото осветлување, тројслојно термоизолационо стакло и геотерминалните пумпи за греење и ладење.

На 9 мај ПроКредит банка отвори филијала и во Солун со што се комплетира присуството на оваа банка  во 11 земји во европскиот регион. За македонските бизниси и население кои соработуваат со партнери од Грција, присуството на ПроКредит во Солун има големи придобивки кон соработката и трговски релации.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×