Прокредит ги награди најиновативните агробизниси во Македонија
Објавено на од во Компании
Кадино Индустри Груп,  Антхура МК,  Еуропеан Плантс и Агрофила се наградените компании од секторот агробизнис за своите иновативни решенија и примена на нови технологии. 
Добитници на наградите

 

 

 

 

 

 

 

Кадино Индустри Груп за прва лабараторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабараториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледвуање на декоративни дрва и растенија  и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено се наградените бизниси од страна на ПроКредит Банка, во рамки на втората конференција на тема ИКТ во агробизнис, што се одржа на 23 и 24 ноември во Скопје.

Конференцијата беше организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, ПроКредит Банка и АгФутура Технологии, а  присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии. Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа потребите на земјоделската индустрија.

Министерката на информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска, напомена дека примената на ИКТ во земјоделството е потреба и неминовсност и дека постои потенцијал за развој на оваа дејност.  Горан Поповски, претседател на МАСИТ ги повика сите производители да побараат ИКТ решенија кои ќе им донесат подобри продукти, приноси и ефикасност во производството.  Емилија Спировска, член на Управен Одбор во ПроКредит Банка, потенцираше дека ПроКредит активно го поддржува агро секторот во Македонија и инвестициите во паметно земјоделство кои придонесуваат за попродуктивни производствени процеси, а со тоа и поврат на инвестицијата од 3 до 7 години. ПроКредит е пример за имплементација на иновативни технологии во своите Зони 24/7 и е првата банка со 99% автоматизација на готовинските и безготовинските трансакции.

Присутните на настанот имаа можност за вмрежување со потенцијални соработници од двете индустрии на сесијата за Б2Б средби, а финансиските институции, вклучувајќи ја и ПроКредит Банка ги претставија можностите кои претприемачите ги имаат на располагање за пристап до финансии за нивните иновативни проекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×