ПроКредит во сабота организира “Ден без возила на фосилни горива”
Објавено на од во Економија

Prokredit-eko-vozila-2
ПроКредит Банка во сабота организира “Ден без возила на фосилни горива”. Станува збор за иницијатива која има за цел да придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот во Скопје и подигнување на електромобилноста и свесноста за заштита на животната средина во која живееме, ПроКредит Банка организира настан “Ден без возила на фосилни горива”.
Настанот ќе се одржи во сабота, на 26-ти јануари, во период од 12.00 – 14.00 часот на паркингот до Аква паркот пред Спортскиот Центар Борис Трајковски ќе биде организирана едукативна изложба на голем број поддржувачи на електромобилноста.
Компании како ПроКредит Банка, Порше, Тојота, ЕВН, МЕПСО, Хамачи, Са-Тра, Македонски Телеком и Фибернет ќе ги презентираат своите електрични/хибридни возила како и опрема за нивно полнење и ќе ги споделат сопствените искуства од нивната примена. Дополнително на сите присутни ќе им биде овозможено тест возење на електричните автомобили на ПроКредит Банка.

Во рaмки на овој настан ќе биде оганизирана и панел дискусија на тема “Како до зголемување на електромобилноста” каде свое излагање ќе имаат Јани Макрадули, заменик Министер за Животна Средина;Стефан Богоев, Градоначалник на Општина Карпош; Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка;како и претставници од Порше, ЕВН, Електромобилност Македонија и МЕПСО.

За времетраењето на настанот, дел од улиците покрај СЦ Борис Трајковски ќе бидат трансформирани во Зелени улици во чии рамки ќе може да поминуваат и паркираат само електрични и хибридни возила. Овие возила имаат намалена емисија на штетни гасови и придонесуваат за помало загадување на воздухот, како и понизок степен на бучава во околината.

Ги покануваме сите граѓани на град Скопје и ентузијасти за електромобилност да се приклучат на иницијативата и заедно да придонесеме кон подигнување на свесноста за подобра животна средина.

Настанот ќе биде составен од три дела:

  • 12.00-14.00 часот

Едукативна изложба каде активно учество ќе земат следниве изложувачи на електрични/ хибридни автомобили и полначи за овие возила: Порше, Тојота, ПроКредит, ЕВН, МЕПСО, Са-Тра, Македонски Телеком, Hamachi и Фибернет. Дополнително на сите присутни ќе им биде овозможено тест возење на електричните автомобили на ПроКредит Банка.

13.00-14.00 часот

Панел дискусија во конференциска сала СЦ Борис Трајковски, тема “Како до зголемување на електромобилноста” каде свое излагање ќе имаат Јани Макрадули, заменик Министер за Животна Средина; Стефан Богоев, Градоначалник на Општина Карпош; Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка; како и претставници од Порше, ЕВН, Електромобилност Македонија и МЕПСО.

12.00-14.00 часот

Зелена улица каде може да се возат само електрични и хибридни возила

Линк од настанот креиран на социјалните медиуми https://m.facebook.com/events/2288695901416411?refid=52&__tn__=C-R

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×