Промени во раководството на НЛБ Банка
Објавено на од во Компании
Дамир Кудер повеќе не е член на УО на НЛБ Банка поради истек на мандатот, а изминатиов период банката го надополни УО со двајца нови членови, Петер Зелен и Игор Давчевски. 
NLB Banka 2
НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.
“Ве известуваме дека поради истек на мандат (01.01.2020), г-дин Дамир Кудер повеќе не е член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје”, – се вели во соопштението на Банката.
Во изминатиот период НЛБ Банка АД Скопје го надополни Управниот одбор со двајца нови членови: Петер Зелен и Игор Давчевски.
Согласно новите измени, Управниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:
  • Антонио Аргир – Претседател на Управен одбор
  • Гинтер Фриедл – Член на Управен одбор
  • Петер Зелен – Член на Управен одбор
  • Игор Давчевски – Член на Управен одбор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×