Прометот во индустријата зголемен за 9,5% во споредба со ланското прво полугодие
Објавено на од во Економија
Прометот во индустријата, вкупно, во јуни во однос на мај годинава се намалил за 7,5 отсто, а споредено со јуни лани за 4,7 отсто, додека во првата половина од годинава во однос на истиот пероид од минатата година се зголемил за 9,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
индустријаСпоред главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е намален кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 5,3  проценти, Капитални производи за пет проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,6  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2019 година, во однос на јуни лани е намален за 3,2 отсто, во однос на мај годинава за 5,9 отст, а во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани бележи раст од 0,3 отсто.
На странските пазари прометот во индустријата во јуни  година, во однос на јуни лани е намален за 5,3 отсто, споредено со мај годинава за 8,8 отсто,  додека во периодот јануари јуни годинава во однос на истиот период лани раст од 12,6 отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×