Промоција на “Божиновски часовници и накит”
Објавено на од во lifestyle

Montblanc WEBНАЈНОВИТЕ ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ НА MONTBLANC ВО СКОПЈЕ

Ексклузивниот застапник на германскиот бренд на луксузни производи Montblanc за македонскиот пазар, “Божиновски часовници и накит“ ги претстави најновите колекции на инструменти за пишување, часовници, кожени производи и др.

„Божиновски часовници и накит“ на 14 октомври ги претстави колекциите на германскиот бренд на луксузни производи  Montblanc, што беше ексклузивна можност претставниците на медиумите и гостите одново да се запознаат со часовниците, накитот, инструментите за пишување, кожените додатоци и другите производи и да прослават 110 години од основањето на компанијата.

Извршниот директор на Montblanc Jérôme Lambert, изјави: „Montblanc слави 110 години од историјата. Ова патување е посветено на создавање на фино изработени и безвременски содружници и горди сме што ‘Божиновски часовници и накит’ од Македонија ни се придружници на ова патување.”

Од Божиновски изјавија дека им претставува голема чест што се ексклузивен застапник на Montblanc во Македонија и што имаат можност да го пренесат урбаниот и луксузен дух на овој иконски бренд, кој со својата мисија стави ултимативен печат , со врвната изработка, иновацијата, квалитетот и изразувањето на стилот.

“Безвременската ‘снегулка’ која го симболизира изгледот на снежната капа со која е прекриен највисокиот европски врв Мон Блан, оваа година слави 110 години од своите пионерски почетоци. Цели 110 години, Montblanc e најпрепознатливата икона во универзумот на пишувачките инструменти, која нè учи на уметноста на пишување ‘Montblanc – The Art of Writing ‘ и сè до денешен ден држи чекор со модернизацијата и паметните уреди кои едноставно се наметнуваат во секојдневниот живот.  Montblanc ја револуционализира културата на пишување пробивајќе се преку своите иновации, а со својата длабоко вкоренета култура на калиграфија (убаво пишување), Montblanc има поставено меѓународен стандард на културна и естетска посветеност.“, изјавија од “Божиновски“.

Инструментите за пишување , на кои им се посветува со целото свое внимание и време во процесот на дизајнирање и изработка , целосно се изработени од племенити смоли и метали, објаснуваат од “Божиновски“. “Со тоа се вградува душа во инструментот, која потоа лесно се поврзува со внатрешното Јас на сопственикот и стануваат една неразделна целина. Денес, Montblanc продолжува да ги поместува границите развивајќи го врвното мајсторство низ секоја од своите категории на производи како што е врвот на луксузните инструменти за пишување, софистицирани и ексклузивни кожни производи, накит, очила за сонце, парфеми, за на крај да навлезе во светот на мерачите на време, изработувајќи часовници со најкомплицирани автоматски механизми.“, велат од компанијата, која што постои на македонскиот пазар веќе 20 години, и е  претставник за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Hamilton, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×