Промовиран  нов труд во Клубот на истражувачи на Народната банка
Објавено на од во луѓе и компании

Klub na istrazuvaci 906 WEBИсламското банкарство и неговите перспективи

Авторите на овој труд, д-р Сашо Кожухаров,  д-р Јана Илиева и д-р Наташа Ристовска, за прв пат, пред бројната стручна јавност, ги претставија спецификите на исламското право, како и тековните состојби и предизвици во иднина, особено во контекст на перспективите за развој на исламската финансиска индустрија на европскиот континент

 

Klub na istrazuvaci 906 WEB glavnaТрудот „Исламско банкарство и неговите перспективи“ беше промовиран во Клубот на истражувачи во народната банка минатата недела, а е објавен во реномирано меѓународно научно списание за академски истражувања од областа на бизнисот и општествените науки.

Авторите на овој труд д-р Сашо Кожухаров,  д-р Јана Илиева и д-р Наташа Ристовска, за прв пат, пред бројната стручна јавност, ги претставија спецификите на исламското право, како и тековните состојби и предизвици во иднина, особено во контекст на перспективите за развој на исламската финансиска индустрија на европскиот континент.

Според авторите, исламското банкарство како значаен сегмент на глобалните финансии ја започнува својата експанзија по Втората светска војна, која кулминира во 70-те години на XX век, со отворање на низа исламски банки пред се, во исламските држави, за постепено да прерасне во најбрзо растечки модел на финансирање, со исклучително развиени центри не само во арапскиот свет, туку и во Европа и Азија.

„Темелните принципи на овој вид на банкарство се изведени од основните принципи на Шеријатот и ставаат значителен акцент на етичката, моралната, социјалната и религиската димензија на трансакциите заради постигнување на поширок бенефит за општеството во целина. Во таа смисла, основата на исламското банкарство е забраната за давање или земање камата во било каков облик. Работата на исламските банки се заснова на поделба на профитот и на други дозволени облици; отворање на трансакциски и инвестициски депозити“, истакнаа авторите.

Тие потенцираа дека трансакциските депозити имаат фиксна номинална вредност, не се вкаматуваат, а банките можат да пресметуваат надомест за вршење на трансфер. Инвестициските депозити немаат фиксна номинална вредност и наликуваат на удели во трговско друштво. При отворање на инвестициски депозити со банката се договара удел во профитот на банката кој не може да се промени (освен со заемен договор) пред рокот на доспевање на депозитите. На страна на активата во билансите на банката се кредитите кои на банката и даваат удел во профитот на друштвото и останатите дозволени финансиски инструменти. Постојат и кредити кои на банката и даваат право да управува со претпријатието и кредити кои оневозможуваат такво право. Од преостанатите финансиски инструменти најважни се одложените плаќања и лизинг и кредити со нулта каматна стапка, но со одреден надомест.

„Исламските финансиски активности покажаа значителен раст во текот на изминатите децении, а се предвидува дека трендот на раст ќе продолжи со истото темпо во иднина. Овој  специфичен банкарски сегмент е системски важен во многу земји од различни региони во светот. Во Иран сите банки работат според прописите на исламското банкарство, а во Пакистан сите банки, освен странските работат на овој принцип. Исламски банки постојат и во немуслимански земји како Велика Британија, Швајцарија“, потенцираа авторите на овој труд.

Според анализите на Ernst & Young, исламските финансии покажуваат пораст од 17% на глобално ниво во изминативе неколку години, а се проценува дека до 2019 година, исламските финансии ќе имаат 1,8 трилиони во актива и тројно ќе го зголемат профитот.

Сепак, и покрај брзорастечкиот тренд на исламското банкарство и на исламскиот финансиски систем, авторите на трудот заклучуваат дека исламскиот пазар на пари е се уште релативно неразвиен во однос на конвенционалниот и дека истиот е во доста неповолна положба поради законските регулативи кои се повеќе наклонети кон конвенционалното банкарство.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×