Промовиран Планот со мерки за економски раст. Еве како и за што ќе може компаниите да добијат финансиска поддршка!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска го презентираа владиниот План за економски раст чија цел, како што посочија, е зголемување на конкуретноста на приватниот сектор за да се забрза економскиот раст и да се подобри благосостојбата и животниот стандард на граѓаните.

“Планот содржи мерки за нови гринфлинд инвестиции и зголемување на конкуретноста на економските субјекти, мерки за поддршка на извозот и за поддршка на малите и на средните претпријатија”, истакна премиерот Заев.

Планот за економски раст, според премиеорт Заев ќе се потпира на шест принципи и тоа ослободување на приватниот сектор од политичките стеги, транспарентност на политиките при нивното спроведување, неутралност и недискриминација и еднаков третман за домашни и за странски инвеститори, добра координација при споведување на политиките, ефикасност и ефективност на политиките и следење и постојано мерење на резултатите.

“Главните цели кои очекуваме да се постигнат со овие економски мерки се раст на приватните домашни и странски инвестиции, пораст на вработеноста, зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, зголемување на извозот и регионалната поврзаност, пораст на БДП и материјалната благостостојба на граѓаните. Крајната цел е зголемување на инвестициите, извозот и конкурентснота во економијата, кои треба да доведат до раст на платите, како еден од важните двигатели на економскиот раст ”, потенцираше Заев.

Вицепремиерот Анѓушев кој ја презентираше Програмата со економските мерки истакна дека таа ќе биде максимално транспарентна и ориентирана кон резултати. Влада Програма 3

“Мерките ќе важат подеднакво за домашните и за странските инвестиции. Главен критериум за добивање помош од државата ќе биде резултатот од работењето, односно ќе бидат помогнати оние компании кои ќе испорачаат  раст на приходите од работењето и кои нема да го намалат бројот на врабтените. Целта е да се поддржат здравите компании, кои се изложени на слободен пазар со цел тие да бидат поконкурентни на домашниот, а посебно на странските пазари и да се поттикне спиралата на инвестициите и развојот”, истакна Анѓушев.

Мерките нема да важат за компаниите кои се веќе субвенционирани, кои работата во регулиран сектор, во лиценцирани дејности и кои имаат пристап  до концесии и националните природни ресурси, објасни вицепремиерот Заев.

“Првата група мерки ќе важат за сите компании во економијата, подеднакво и за домашните и за странските и за оние кои работат во или надвор од зоните и ќе имаат за цел зголемување на инвестициите и конкурентноста на комапниите. Втората група мерки се однесуваат извозните компании, додека третата група на мерки ќе се однесуваат на малите и средните претпријатија кои треба да бидат носители на економскиот развој заедно со големите комапнии”, изјави Анѓушев.

Што се однесува до финансиските трошоци за спроведување на оваа Програма, Анѓушев објасни дека таа ќе чини помалку од она што досега се трошело за поддршка на бизнисите, но ќе биде целосно транспарентно и недискриминаторски.

Првата група на мерки кои ќе можат да аплицираат сите компании, односно ќе важат за гринфилд и браунфилд инвестиции, постојни компании и компании кои ќе бидат рестартирани по ликвидација или стечај ќе се однесуваат за финансиска поддршка за секое новокреирано работно место и за новокреирано високо платено работно место.

Компаниите ќе можат да аплицираа за финансиска поддшка од минимум 10% од платата во период од 5 години од основањето за секој нов субјект, но фирмите ќе имаат обврска за го задржи истиот број на вработени најмалку 10 години.

“Она што сакам да го потенцирам дека ќе може да се субвенцинираат плата која ќе биде 50% над минималната загарантирана плата, што значи дека нема да може да се субвенционира месечна нето плата под 18.000 денари. За скеој дополнителни 10% повисока плата финансиската поддршка ќе расте за 2%, до максималните 16%”, појасни Анѓушев.

Уште една мерка за која ќе може да аплицираат сите компании е финансиска поддршка од 20% за исплатени плати над двојно повисоки од просечната плата.

На пример, компаниите кои ќе одлучат да исплатат нето плата од 45.000 денари ќе може да аплицираат и да добијат финансиска поддршка од 9.000 денари, со што реалниот трошок за плати ќе изнесува 36 илјади денари.

Финансиската поддршка за овие две мерки ќе може да се добие само ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во Агенцијата за вработување во период од најмалку три месеци или ако се вработат лица кои штотуку го завршиле образованиот процес.

Мерка која ќе важи само за странските инвестиции ќе опфаќа финансиска поддршка за нивната воспоставена деловна соработка со домашните компании.

На пример, ако странскиот инвеститор набави 10% од инпутите и суровините за производство над просекот за последните три години, ќе може да добие финансика поддршка од 1% од набавките. За секои дополнителни 10% набавени суровини од домашните фирми, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките.

“Ако некој странски инвеститор имал набавки од просечно 100 милиони евра, ао набави 10% од домашни компании, ќе добие 1% субвенција на тие 100 милиони евра”, објаснува Анѓушев. Влада Програма 1

Финансиска поддршка од 20% за трошоците за плати и 30% на трошоците за набавена опрема ќе можат да користат оние компании кои ќе одлучат во Македонија да ги префрлат своите развојни центри, во кои би се вработувал високо образован кадар.

За привлекување на инвестиции, односно компании кои имаат вкупен приход од над 1 милијарда долари годишно, ќе се креираат и дополнителни стимулации согласно Законот за државна помош.

Финансиска поддршка ќе биде предвидена и за компаниите кои ќе одлучат да инвестираат и да купат некоја фирма која е во ликвидација или во стечај. Тие фирми ќе можат да добијат поврат на инвестициите направени во претходната година во висина од 10%, но парите ќе бидат доделени само по рестартирањето на фабриката во нејзината дејност.

Неповрата финансиска поддршка и за извозните компании

Втората група на мерки кои се ќе однесуваат на поддршка на извозните компании вклучува неповратна финансика помош на извозните компании.

“Фирмите кои ќе остварат годишен пораст својот извоз за најмалку 5% повеќе над просекот во последните три години, ќе можат да аплицираат за поврат на 10%  од направените директните дополнителни инвестиции направени за тој пораст. За зголемување на извозот во земјите од Западен Балкан помошта се зголемува за дополнителни 10%, но помошта не може да биде повисока од 3% од зголемувањето на извозот”, изјави Анѓушев, појаснувајќи дека во инвестиционите трошоци нема да смеат да се калкулираат трошоците за плати на вработените и за набавките од домашните јавни претпријатија.

Исто така, извозните компании ќе можат да добиваат и поврат до 20% од парите потрошени за откривање и освојување на нови пазари, во кои спаѓаат настапи на саеми во странство, Б2Б средби, истржување на пазари, сертифицирање на пазари и слично.

Што се однесува до краткорочното кредитирање на извозот, осигурување и издавање на гаранции за извозниците, вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека дополнително ќе ја информираат јавноста откако ќе биде готова програмата која треба да ја изготви Македонската банка за поддршка на развојот.

Третата група мерки се однесува на малите и средните претпријатија кои ќе можат да добијат финансиска поддршка во износ од 30% од направените директни трошоци, со исклучок на оние за плати и набавки од домапни јавни претпријатија, потоа поддршка за подобрување на иновативноста, за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица.

Владата ќе работи и на создавање на амбиент и изработка на законски основи за развој на ризичен капитал и бизнис ангели.

Вицепремиерор Анѓушев потенцираше дека ова е драфт верзија за која во наредните две до три недели ќе биде организирана јавна дискусија со стопанските комори, финансиските институции, МАНУ, универзитетите и сите оние кои сметаат дека можат да дадат придонес. Тие ќе може да достават писмени забелешки на Планот, а потоа сетот мерки ќе стапи на сила.

Првите резултати од пакетот мерки се очекуваат во 2018 година, а ќе се однесуваат на резултатите од работењето на компаниите од 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×