Промовирањето на велосипедизмот меѓу приоритетите на амбасадорката на Данска за Македонија
Објавено на од во lifestyle

Велосипедската нација во чија метропола над 50% од жителите за главно превозно средство го користат велосипедот, Данска, го става промовирањето на велосипедизмот како опција за здрав живот помеѓу приоритетите во агендата на Н.Е. г-ѓа Лиселоте Плеснер – нерезидентен Амбасадор на Данска со седиште во Виена, надлежна за Македонија, во рамки на нејзината посета на земјава.

Данска 1

“Возам велосипед цел живот: почнувајќи од 10-годишна возраст, за време на училишните и студентските денови, до денес, без разлика дали станува збор за деловни или спортско-рекреативни активности. Во Виена, скоро секој ден возам велосипед до Амбасадата и назад – околу 9km дневно, а велосипедот како превозно средство го користам и при одење на официјални состаноци низ градот. За време на мојот мандат, Амбасадата набави 4  велосипеди, кои вработените редовно ги користат во својство на транспортно средство додека ги извршуваат службените должности и бројните состаноци. Не само што претставува важен придонес во борбата со климатските промени, велосипедизмот е и брза, здрава и евтина активност. Сите ние може да придонесеме ресурсите на нашата планета да се трошат на разумен начин. Со велосипедизмот сакам да направам промена во насока која ќе придонесе за креирање на поодржливи градови и подобар живот во нив“, истакна Н.Е. г-ѓа Лиселоте Плеснер, ден пред почетокот на официјалната посета на земјава.

Амбасадорката на Кралството Данска во Македонија потенцираше дека ú претставува задоволство што велосипедизмот зазема сé поголеми размери и во Скопје, особено поради сличните проблеми на земјите со загаденоста на воздухот и бучавата. Таа истакна дека во текот на утрешниот ден ќе му подари велосипед на Министерот за надворешни работи, г. Никола Поповски, во духот на пријателството и во знак на поддршка на намерата на Министерството за надворешни работи во нивната заложба за промовирање на велосипедизмот. Велосипедот со ознака „Зелени поздрави од Данска“ ќе биде прв во велосипедската флота при ресорното министерство.
Амбасадорката Плеснер изрази задоволство што во исто време во Скопје ќе престојува и светски познатиот архитект и вљубеник во велосипедизмот, Данецот Јан Гел, кој ќе ја придружува при нејзината средба со македонскиот Министер за надворешни работи.

Danska bike 1

Амбасадорката Плеснер изрази задоволство што во исто време во Скопје ќе престојува и светски познатиот архитект и вљубеник во велосипедизмот, Данецот Јан Гел, кој ќе ја придружува при нејзината средба со македонскиот Министер за надворешни работи.

Факти за велосипедизмот од Данска:

  • Во Копенхаген има повеќе велосипеди од автомобили
  • 99 %од населението учи да вози велосипед пред да наврши 10 години
  • Околу 56 %од луѓето во Копенхаген возат велосипед до работа секој ден
  • Повеќе од 63 %од членовите на парламентот редовно возатвелосипед до работа
  • Просечно, луѓето од Копенхаген заедно возат 1.27 милион километри со велосипед секој ден
  • Велосипедизмот е добар за здравјето: Општината на Копенхаген проценува дека луѓето од Копенхаген заедно имаат еден милион денови помалку боледување поради возењето велосипед
  • Копенхаген планира да стане јаглерод-неутрален град до 2025 година како прв главен град во Европа и велосипедизмот има голема улога при постигнувањето на таа цел. Секоја година велосипедистите му помагаат на градот да заштеди 110 000 тони емисии јаглерод диоксид.
  • Возењето велосипед до работа исто така придонесува кон целта на Владата да ја ослободи Данска од фосилните горива до 2050 година и дотогаш сосема да се потпре на обновливите извори на енергија.
  • Во Копенхаген има повеќе од 454 километри велосипедски патеки
  • Копенхаген е официјално првиот Велосипедски град во Светот и е изгласан за „Најдобар град за велосипедисти“ и за „Најдобар град за живеење во Светот“.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×