Промовирани две економски истражувања во Народната банка
Објавено на од во луѓе и компании

НБРМ 2Клуб на истражувачи

Клубот на истражувачи на Народната банка промовираше два нови стручни трудови. Авторите Стефан Стојчевски и Ѓорѓи Гоцков го презентираат трудот „Поврат на ризично пондерираната актива како основа за нов пристап во управувањето со банките – примерот на Западен Балкан“, додека Магдалена Петровска и Даница Уневска Андонова се претставија како автори на вториот труд  „Дезагрегирана верзија на Окуновиот закон: случајот на Македонија“. Капитал дава краток осврт врз двете истражувања.

 


Трудот „Поврат на ризично пондерираната актива како основа за нов пристап во управувањето со банките – примерот на Западен Балкан“ ја анализира заострената регулација на банките, која произлезе од последната финансиска криза, воспостави нови предизвици во работењето на банкарските институции. За да се справатсо новите предизвици банките бараат нови пристапи, мерки и индикатори кои би го зголемиле квалитетот во управувањето со ризиците. Еден од тие пристапи се заснова на приносот на ризично пондерирана актива – RoRWA (Return on risk-weighted assets). Овој нов пристап е теоретски и емпириски обработен во овој труд. Неговата примена треба да овозможи превземање на соодветни мерки кои ќе ги подобруваат перформансите на банките и следствено макроекономските движења во земјата.
Трудот посебен фокус става наквантитативна анализа и истражување на вредностите и трендот на овој индикатор во земјите од Западен Балкан. Притоа, квантитативната анализа е насочена кон три аспекти: (1) истражување на врската помеѓу RoRWA и економската активност, со цел да се утврди успешноста и ефикасноста на банките во вршење на својата функција; (2) истражување на трендот на RoRWA на ниво на вкупен банкарски сектор, со цел да се утврди отпорноста на банкарскиот систем на пооделните земји на последната финансиска криза и (3) истражување на трендот на  RoRWA на најголемите индивидуални банки во анализираните земји, со цел да се утврди колку квалитетот на управување со ризиците кај пооделните банки влијае на успешноста во работењето на банките. Преку компаративна анализа трудот настојува да го согледа односот помеѓу ризикот и профитот кој го имаат постигнато банките во земјите од Западен Балкан наспроти поразвиените земји од Европа. Во анализата е опфатен периодот непосредно пред финаниската криза и годините после кризата со интенција да се согледат ефектите од кризата врз перформансите на банките и да се идентификуваат факторите кои допринеле одредени банки и банкарски системидапокажат подобра отпорност на кризата.
Окуновиот закон на примерот на Македонија

Неодамнешното економско искуство на Република Македонија, односно економскиот раст којшто апсорбираше значаен контингент на работна сила, а којшто во голем дел се поврзува со структурните реформи како макроекономски одговор на Глобалната финансиска криза и уште повеќе на последователната европска должничка криза, го поттикнува прашањето за стабилноста и природата на Окуновиот закон на примерот на Република Македонија.
Истражувањето преку повеќе проверки на робустноста на резултатите, го издвојува т.н. Окунов закон во јаз форма како најсоодветен за специфицирање на релацијата помеѓу невработеноста и бруто домашниот производ во македонската економија. Притоа, преку агрегираната верзија на законот, за периодот кв.1 2004-кв.4 2014 година авторите утврдуваат ниво на Окуновиот коефициент од -0,16. Со други зборови, раст на позитивниот јаз на БДП од 1 процентен поен, после четири квартала креира очекувања за пад на јазот на стапката на невработеност од 0,16 процентни поени (т.е. позитивен јаз кај стапката на невработеност би се намалил, а негативен јаз би се продлабочил за 0,16 п.п.).

Сепак, анализата на стабилноста на Окуновиот коефициент, детектираше нагла промена на неговото ниво, повеќе воочлива од средината на 2012 година. Со други зборови, веќе од средината на 2012 година, Окуновиот коефициент се стабилизира на ниво од околу -0,12 (наспроти нивото од околу -0,19 во периодот непосредно пред регистрираната структурна промена). Ваквото намалување на коефициентот практично значи помала респонзивност на невработеноста на промените на бруто домашниот производ, што од една страна, може да е рефлексија на зголемената ефикасност на пазарот на трудот и тоа, во поглед на брзината на поврзување на понудата и побарувачката на вештини. Од друга страна, стапката на невработеност секој квартал во анализираниот период поставува нов историски минимум. Имајќи предвид дека стапката на невработеност во Република Македонија има и значајна структурна компонента, како и фактот дека е веќе позиционирана на пониско ниво од она што претставува нејзина историска норма, очекувано е натамошен раст на економската активност да има нешто послабо влијание во правец на натамошно намалување на невработеноста.
Дезагрегираната верзија на Окуновиот закон пак, упатува на најголемо влијание на компонентите на домашната побарувачка врз движењето на невработеноста, наспроти ефектот на нето трговската размена. Една од можните причини е што најголемата компонента на домашната побарувачка, односно личната побарувачка, опфаќа голем дел на услуги коишто по својата природа се трудо-интензивни. Од друга страна, извозот (којшто има и висока увозна компонента) е доминиран од индустриски стоки.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×