Промовирано ново истражување во Народната банка
Објавено на од во Банки и бизнис

MDE_2301 WEBТранспарентноста на централните банки предуслов за ефективна монетарна политика

Транспарентноста и јасната комуникација на централните банки се еден од клучните предуслови за ефективност на монетарните мерки и за соодветно делување врз очекувањата на пазарните учесници. Поради големото значење на овие концепти, Народната банка спроведе Анкета помеѓу 15 централни банки од регионот и пошироко, со цел согледување на најновите трендови во овој домен.

 

Транспарентноста и јасната комуникација на централните банки се еден од клучните предуслови за ефективност на монетарните мерки и за соодветно делување врз очекувањата на пазарните учесници. Токму поради големото значење на овие концепти, Народната банка спроведе Анкета помеѓу 15 централни банки од регионот и пошироко, со цел согледување на најновите трендови во овој домен. Резултатите од анкетата покажаа дека централните банки посветуваат големо внимание на начинот на којшто ја информираат јавноста за конципирањето на монетарната политика и за преземените мерки.

Овие резултати беа презентирани на 23 – тата сесија на Клубот на истражувачи на НБРМ, а истите ќе бидат објавени и како дел од анализата „Комуникација на монетарната политика: резултати од анкетно истражување“ на авторот Неда Поповска – Камнар.

Анализата прави оцена на начинот на комуникација и степенот на транспарентност на централните банки во Централноисточна и Југоисточна Европа. Според резултатите, централните банки ги објавуваат одлуките на својата монетарна политика како и процесите на донесување на овие одлуки. Тие се целосно транспарентни при објавување на нивната главна цел (најголем дел од банките ја истакнуваат ценовната стабилност како главна цел), којашто ја објавуваат нумерички или не-нумерички.

Сите централни банки ги објавуваат одлуките на монетарната политика, но на различен начин. Околу 64% од централните банки ги објавуваат своите одлуки без разлика дали се донесени промени или не, додека околу 20% од банките само кога има промена во одлуката.

Над половина од централните банки ги објавуваат своите одлуки веднаш по завршување на состанокот на одборот на централната банка, додека околу 20% со задоцнување од неколку часови односно денови. Во најголем дел одлуките се објавуваат во соопштенија за јавност или на интернет страниците на централната банка. Скоро сите централни банки во овие соопштенија ја објавуваат нумеричката промена, насоката на промената како и причините за донесување на овие промени кај монетарниот инструмент.

Високата транспарентност на централните банки се согледува и преку тоа што кај 64% од централните банки одлуките се донесуваат на однапред познати датуми коишто се објавуваат во јавноста. Одлуките се објаснуваат на прес – конференциите организирани од централните банки, на коишто најчесто главен збор е даден на гувернерот, но и на членовите на одборот од централните банки. Покрај овие официјални настани, во текот на месецот, надлежните лица во централните банки често се изложени и на дополнителни ad hoc прашања поставени од медиумите или други институции. Во овој контекст, сите централни банки укажале дека гувернерот е тој што одговара на овие прашања, но и членовите од одборот (80% од централните банки).

Една од главните активности на централните банки се и макроекономските проекции, со коишто се испраќаат сигнали до пазарот за оценката на економските движења во наредниот период. Околу 70% од централните банки ги објавуваат макроекономските проекции на квартална основа, додека две централни банки проекциите ги објавуават два пати годишно. Половина од централните банки ги објавуваат официјалните проекции на централната банка, додека една третина од банките во јавноста ги објавуваат проекциите на вработените во рамките на централната банка.

Најчесто комуницирани со јавноста се проекциите на економскиот раст и стапката на инфлација во период од 1 до 2 години. Околу 70% од централните банки нагласија дека макроекономските проекции се засновани на економетриски модели и експертско мислење, додека 21% од централните банки целосно се потпираат само на економетриски модели.

Едно од најновите согледувања во начинот на комуникација на централните банки е и forward quidance, термин што се користи за дефинирање на идната насока на монетарната политика. Овој начин на комуникација беше посебно нагласен после последната глобална криза (2007-2009) кога се појави и потребата кај некои централни банки за поактива комуникација на нивната монетарна политика. Сепак, само една третина од централните банки го практикуваат овој начин на комуникација, што ја нагласува потребата за понатамошно усовршување во овој домен. Во насока на поактивна комуникација со јавноста, поголем дел од централните банки започнаа со спроведување на обуки, работилници, објавување на едукативни брошури и слично.

„Во последните две децении, централните банки поминаа долг пат на транзиција во нивниот начин на комуникација, преминувајќи од целосно затворени институции кон јавноста кон институции коишто се стремат за поголема отвореност и транспарентност. Резултатите од Анкета тоа и го потврдуваат. Сепак, живееме во време на технолошки иновации и глобализација, кога промените на секој домен се сложени и брзи, и со тоа потребата за континуирано усовршување на начините на комуникација треба да биде постојано присутна кај сите институции, а исклучок не се ни централните банки“, истакна авторот Поповска – Камнар.

Клубот на истражувачите на Народната банка е формиран во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа. Тоа е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×