Пропадна најавената нова поделба на биткоинот
Објавено на од во hi-tech & business

Следната недела требаше да има нова поделба на биткоинот (fork) во која од главниот биткоин блокчеин (blockchain) требаше да се издвои нова криптовалута, Bitcoin2x. Оваа иницијатива беше позната под името SegWit2x, а требаше да донесе зголемување на основниот блок на блокчеинот од 1 на 2 мегабајти – со тоа и побрзо извршување на трансакциите на него. Но, само 8 дена пред најавената поделба иницијаторите се откажаа од идејата.

На почетокот идејата за зголемување на блокот имаше одреден број приврзаници, но некои сметаа дека „новиот“ биткоин би можел да го преземе приматот на пазарот на криптовалути, и значајно да ја намали вредноста на основниот биткоин. На крајот оваа иницијатива не собра доволно приврзаници, и не стана широко прифатена во рамките на биткоин заедницата.

„Ако продолжевме можеше да се подели заедницата и да се појави пречка за натамошниот раст на биткоинот. Тоа никогаш не беше цел на иницијативата SegWit2x“, напиша соосновачот на софтверската компанија BitGo, Мајк Белше, кој е еден од лидерите на овој, сега пропаднат, проект.

До моментот кога целата биткоин заедница ќе се усогласи дека тоа е потребно, проектот за зголемување на блокот на 2 MB е одложен. Со биткоини и натаму ќе се тргува преку SegWit (Segregated Witness) блокови со големина од 1 MB.

Очекувано, по објавата на оваа „победа“ на изворниот биткоин, инвеститорите почнаа масовно да го купуваат истиот, па неговата цена накратко вчера (среда) попладне надмина 7.800 долари. Подоцна тргувањето се смири и цената на биткоинот се стабилизираше на околу 7.200-7.300 долари, отприлика како пред пропаѓањето на SegWit2x.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×