Пропадна првиот обид за конституирање на хрватскиот Сабор
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новото Собрание, Саборот на Хрватска, не е конституирано во првиот обид бидејќи не е избран претседател. SDP на Зоран Милановиќ го предложи за позицијата пратеникот на Most, Роберт Подолњак, но против предлогот беа HDZ на Томислав Карамарко, поради што Подолњак и самиот ја одби кандидатурата објаснувајќи дека не сака именување ако за тоа нема консензус. Откако претседавачот со конститутивната седница, Јосип Леко, констатираше дека тоа значи оти во процедура нема ниту еден одржлив предлог, ја прекина седницата, и најави дека истата ќе продолжи кога ќе се собере мнозинство потребно за конституирање на Саборот. Инаку, SDP и HDZ oд изборите одржани на 8 ноември преговараат сo Most (партијата што беше изненадување освојувајќи во своето прво учество на парламентарни избори резултат што ја стави во позиција да одлучува за новата влада на Хрватска), но сѐ уште без конкретен резултат. Most инсистира на формирање заедничка, реформска влада на сите три партии, но ова го отфрлаат SDP и HDZ. Во вакви околности многу е можно кризата да заврши со нови избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×