Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари е 5,3%
Објавено на од во Економија

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари достигна 5,3%.

нбм

Народната банка во соопштение наведува дека просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи да се намалува, при што намалување е забележано и кај каматната стапка на кредитите на населението и кај корпоративниот сектор.

Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,59%, додека на домаќинствата 6,03%.

Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,42%, при што има незначителна нагорна промена во однос на претходниот месец.

Кај каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е забележана нагорна месечна промена и таа изнесува 1,72%, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата се задржа на декемвриското ниво од 1,38%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×