Просечната плата во март 24.590 денари или 3,8% повисока од лани, вели ДЗС
Објавено на од во Економија
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава во земјава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8% повискока од март лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
dzsВаквото зголемување, посочуваат од ДЗС, се должи, пред сѐ, на порастот на нето-платите во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11.4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (8.2 %) и транспорт и складирање (7.8 %).
Зголемување на нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9.5 %), информации и комуникации (8.5 %) и рударство и вадење на камен (6.0 %).
Според податоците на ДЗС, пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2019 година изнесувала 36.476 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×