Просечната плата во регионот: Највисока во Словенија, а најмала во Македонија
Објавено на од во Економија

Просечната плата во Словенија во мај изнесуваше 1.113,88 евра, во Хрватска е 886,92 евра, во Бугарија просечната нето плата во вториот квартал изнесувала 533 евра, во Црна Гора во јуни беше 516 евра, во Босна и Херцеговина во мај беше 472,88 евра, во Србија 470,64 евра, а во Македонија за мај изнесува 410.347 евра. 

denari (1)Интересно е што иако просечната плата во Словенија во мај изнесуваше 1.113,88 евра, таа беше номинално пониска за 0,1 процент и реална за 1 процент во однос на претходниот месец, април.

Во исто време, просечната плата за мај годинава во Словенија годинава е номинално поголема за 3,4 проценти и во реална смисла за 2% во однос на истиот период лани.

Просечната месечна исплатена нето плата во Република Хрватска за мај 2019 година изнесува 876.326 евра, што е номинално повеќе за 0,7%, а реално за 0,1% повеќе отколку во претходниот месец, април.

Просечната месечна нето плата во Бугарија исплатена во вториот квартал изнесувала 533 евра и за речиси 10 проценти е поголема во однос на истиот период минатата година

Просечната нето-заработка за јуни во Црна Гора изнесува 516 евра.Просечна нето заработка во јуни 2019 година во однос на мај 2019 година забележа раст од 0,6%, додека просечната нето заработка во јуни 2019 година во однос на истиот месец од претходната година забележа раст од 1%.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јуни 2019 година во однос на мај 2019 година се намалија за 0,7%, следува дека реалната нето заработка во истиот период се зголеми за 1,3%.

Во Босна и Херцеговина просечната плата за мај годинава е 473.456 евра. Нето платата за мај, во Србија, изнесува 470.558 евра. Нето растот на заработката во периодот јануари-мај, во однос на истиот период лани, беше 9,9% на номинална и 7,2% на реална основа.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната нето-плата беше номинално 9,9 проценти поголема и 7,5 проценти реална.

Просечната плата иплатена во Македонија за мај изнесува 410.347 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×