Прошталната турнеја на Обама минува низ Грција, Германија и Перу
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на САД, Барак Обама, следниот месец, во рамките на својата последна турнеја во својството шеф на државата, ќе ги посети Грција, Германија и Перу.

Турнејата од 14 до 21 ноември ќе уследи само неколку дена откако на американските претседателски избори ќе биде избран наследникот на Обама.

„Посетата ќе го нагласи обврзувањето на претседателот кон трансатланската солидарност, за силна и интегрирана Европа, и за соработка со американските азиско-пацифички партнери“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Во Грција Обама ќе се сретне со претседателот Прокопиос Павлопулос  и премиерот Алексис Ципрас, и ќе изрази поддршка на економските реформи на земјата.

Во Германија претседателот на САД со канцеларката Ангела Меркел ќе разговара за Украина, за Сирија, борбата против Исламската држава и за трансатланските економски теми.

Во Берлин Обама би требало да се сретне и со група европски челници, меѓу кои францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и британската премиерка Тереза Меј.

Во Перу претседателот на САД ќе присуствува на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка во Лима.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×