Проследете го во живо Самитот на „Економист“ во Скопје
Објавено на од во Events

Конференцијата на „Економист“ се случува во многу важен момент за Северна Македонија и Западен Балкан по Преспанскиот договор очекувањето беше дека Европскиот совет ќе ја покани вашата земја да отвори многу брзо прегвори за членство. Со тоа што во јуни ја одложи одлуката сега сите очи се вперени на средината на октомври кога се очекува да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во ЕУ.

Ова  го изјави регионалната директорка за Европа на Економист, Џоан Хои на отворањето на конференцијата „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ во организација на економскиот магазин „Економист“ што се одржува денеска во Скопје.

Таа посочи дека 16 години поминаа кога  Европската унија даде јасна перспектива за земјите од Западен Балкан.

“Земјите од Западен Балкан веќе се нетрпеливи и повеќе не сакаат да бидат во чекалната на ЕУ”, посочи регионалната директорка на Економист за Европа на отворањето на Самитот.

На Самитот по обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе се обрати Вес Мичел, поранешен помошник американски секретар за Европа и Евроазија, Алексис Ципрас, поранешен грчки премиер и лидер на Сириза, како и Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×