Протест во 15 точки
Објавено на од во Колумни
Mandic-Branko-Vjesti-WEBАко Црна Гора е навистина во разузнавачка војна со една нуклеарна сила, ако протестите се руско масло, тогаш очекувам конкретни докази и апсења за велепредавство. Се останато е секуритизација на јавниот дискурс
Ајде малку да се релаксираме од сабота до сабота, да му се помолиме на Зевс тој ден да нема крв и да видиме што имавме до сега.
Редот по кој работите се одвиваа, ќе се обидам да ги објаснам преку пропагандна лудница поради која пријателите од странство ми се јавуваат под а) да видат дали сум уште жив и под б) да изразат неверување колкава нула сум што веќе не сум погинал, или потпишал било каква петиција.
Без надеж дека оваа држава ќе биде подобра во догледно време, ќе се обидам да дадам некои забелешки и тези, кои од час во час се бришат, губат,  забораваат и спинуваат.
Демонстрации за црногорскиот народ не постојат. Не постои народ. Постои пропаганда и контрапропаганда, која ја контролираат политичарите, институциите, активистите и медиумите. Народот во Црна Гора е лажен и флоскула, тој не постои, постојат политички интереси на луѓе кои се обидуваат да остварат помалку или повеќе креативно и чесно.
  1. Една комунална одлука за отстранување на урбаната опрема од улиците, не може да биде посилна од уставните норми кои гарантираат слобода на мирен протест.
    .
  2. Разбивање на протестите на Демократскиот фронт не би било добро да се гледа преку чадот од свинско печење туку преку солзавец; не ме интересира кои се демонстрантите, туку кои се полицајците и дали постапија по законските обврски на оваа земја.
    .
  3. Ако Црна Гора навистина е во разузнавачка војна со една нуклеарна сила, ако протестите се руско масло, тогаш очекувам конкретни докази и апсење за велепредавство. Се останато е секуритизација на јавниот дискурс.
    .
  4. Во момент кога полицијата ќе забрани снимање на новинарите, блогерите, четниците или модниот фотограф, тој станува непријател на граѓаните и работи против интересите на луѓето кои го плаќаат.
    .
  5. Баш поради тоа што деефовците се обидуваат да го продолжат животот на својот политички ријалити на бесмислени тези за „на ивицата на граѓанска војна“, ни требаат ладни глави за да го притиснеме обвинителството и правно да ги докажеме обвинувањата против полицијата.
    .
  6. Ако полицијата уапси новинар затоа што сакал да напише текст и да објави фотографија од демонстрациите, тогаш полицијата ги пречекорила своите законски овластувања. Не постои закон по кој човек во цивилна облека може да стави лисици на рацете на репортерите.
    .
  7. Иако мислам дека уредникот на порталот IN4S Гојко Раичевиќ не е новинар, туку пропагандист на радикалниот национализам, итна акција треба да преземе обвинителството во истрагата за полицијата која наводно го претепала Раичевиќ.
    .
  8. Не сум за тоа да се кука, ова е игра на возрасни луѓе; со тоа што лидерите на Фронтот  ја повика полицијата и ветуваа жесток отпор, свесно му пркосеа на комуналниот пропис и чекаа реакција со цел да ја покажат својата политичка решителност.
    .
  9. Снименото приведување на пратеникот Радуновиќ, буткањето на пратеникот Павловиќ, тоа се сцени кои предизвикуваат мачнина и не може да бидат премолчени. Полицијата која има историја на политичко, етничко и верско насилство, мораше да биде повнимателна во постапувањето кон пратениците. Баш како оној полицаец кој ги истрпи комичните испади на пратеникот Кнежевиќ.
    .
  10. Електронските медиуми покажаа немоќ да ја контролираат виртуелната реалност на социјалните мрежи на кои настаните се обликуваа за пропагандни цели. Особено веб порталите се место каде без доволно задршка се објавуваат информации кои очигледно имаат намера да збунат и произведат краткорочен ефект.
    .
  11. Полицијата со часови после својата акција молчи, и на тој начин свесно или несвесно ја подигнува тензијата, ги охрабрува шпекулациите и се однесува како виновник.
    .
  12. Појавата на неформалните Фејсбук групи е важна работа, оти го изместува политичкиот форум на друго ниво. Со уважување на таквите начини на активизам, мислам дека партиите владеат со нив. Постои реална опасност двете најнеодговорни политики во оваа земја, мислам на ДПС и ДФ, од протестите да излезат посилни.
    .
  13. Најголемиот непријател на здравите протести се лидерите на ДФ кои се брукаат со таблоидни изјави како таа дека Ѓукановиќ ја напуштил земјата. Тоа е понижување на луѓето кои се повикани на улица, пумпаат лажен морал на кои не се темелат социјалните промени.
    .
  14. Полицијата и направи услуга на ДФ, им даде пендрек за спас, даде нов живот на еден политички проект, таман во моментите кога тој стана недоличен и грд. Сега одговорност е на ДФ и на полицијата во сабота да нема скршени глави. Се надевам дека се свесни за тоа.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×