Протести во Бразил по смената на Дилма Русеф
Објавено на од во Политика

Протести и судири со полицијата го проследија отповикувањето на Дилма Русеф од претседателската функција во Бразил кое се случи вчера. Одлуката на Сенатот да ја отповика досега суспендираната претседателка доведе и до заладување на дипломатските односи на Бразил со бројни јужноамерикански држави кои имаат левичари на власт. Во знак на протест против смената на Русеф, неколку соседни држави меѓу кои Венецуела, Еквадор и Боливија ги повлекоа амбасадорите од Бразил, во знак на протест поради наводниот „пуч“ против Русеф, на што бразилските власти одговорија со реципрочни мерки.

Протестот прерасна во насилство непосредно откако новиот претседател Мишел Темер ѝ се обрати на нацијата.

Brazil 1Бразилскиот сенат вчера ја смени левичарската претседателка Русеф поради кршење на буџетските закони, со што се заврши процедурата за импичмент. Процесот на отповикување почна пред околу девет месеци, а тоа придонесе за поларизација на земјата и за создавање политичка криза.

Новиот претседател Мишел Темер, поранешен заменик на Русеф, неколку часа по нејзината смена положи заклетва и го одржа првиот состанок со кабинетот.

Гласањето на Сенатот му стави крај на 13-годишното владеење на левичарската Работничка партија и на власт го доведе конзервативниот поранешен заменик-претседател Мичел Темер.

Brazil 3

 

Русеф беше првата жена претседател на најголемата јужноамериканска држава. Власта ја загуби откако беше обвинета за манипулации со сојузниот буџет.

Русеф до самиот крај се бранеше дека обвинувањата за лажни и дека се работи за „пуч“ против неа воден од елитите кои се противат на популистичките политики на нејзината партија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×