Протести за поддршка на реформата на хрватското образование
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Zagreb-WEB-glavnaХрватите масовно станаа против политиката што им ја загрозува иднината

„Од празните зборови и евтините политички поени на оние кои моментално се или порано биле моќни, оваа земја нема многу добиено“, изјави првиот човек на реформата на образованието во Хрватска, Борис Јокиќ, оградувајќи се од обидите за политичко профитирање на партиите на сметката на проектот што го води. А над четириесетте илјади протестанти низ градовите во земјата кои излегоа да алармираат за опасноста реформата да биде искомпромитирана од политиката порачаа дека “играат на иднината – на децата со поквалитетно знаење – кои нема да полнат автобуси за Штутгарт, туку ќе знаат како да им биде подобро овде“

 

Во средата (1 јуни) над 40.000 граѓани на Хрватска, меѓу нив и бројни Хрвати кои живеат во други држави, излегоа на протест. Ваквата масовност не беше постигната со моќта на партиската логистика – за соборување на власта или контра, за поддршка на власта во земјата – туку за протестите што се одржаа во Загреб и во уште десетина хрватски градови беше доволен поводот – давањето поддршка на реформите на образованието, односно, спречувањето на опасноста истите да бидат искомпромитирани од политиката.

Се протестираше за поддршка на целосноста на курикуларната реформа, во организација на иницијативата „Хрватска може подобро“, со свест дека на политичарите мора јасно да им се покажат црвените линии, преку кои не би смееле да одлучуваат, секогаш водени од еднострани, најчесто дневно-политички интереси, наметнувани од позиција на власт.

Во Загреб, на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, според проценките на полицијата протестираа 25.000 луѓе. Меѓу говорите изнесени на протестот што најмногу беа цитирани од медиумите, најилустративен беше оној на мајката Ивана Кекин.

„Чест ми е да ви се обратам од ова место, како родител на дете кое ја користи моменталната образовна програма, но и јас, лично, како долгогодишен конзумент на истата. Нема да кажам ништо особено ново, но бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, вреди да повториме – ние родителите кои сме денеска овде сме луѓе кои не сме ја загубиле надежта дека оваа земја има шанса. Хрватска може подобро. Ние играме на иднината. На утрешнината. На децата кои ќе знаат подобро отколку што нам ни беа скроени училиштата, можностите и фрустрациите. Кои нема да полнат автобуси за Штутгарт, туку ќе знаат како да им биде подобро овде“, порача Кекин од бината на протестот.

Истиот беше најавен откако првиот човек на реформата (преводник на експертскиот тим), Борис Јокиќ (докторирал на Кембриџ на тема „Науката и религијата во хрватското основно образование: ставови и перспективи на учениците“) побара да биде разрешен поради вмешување на политиката во процесот.

По шеснаесет месеци работа експертската група на Јокиќ заклучи дека немаат доволна поддршка од надлежните државни институции (ова по промената на власта, односно по враќањето на ХДЗ во Владата ) за спроведување на реформата, за која има активна поддршка од Хрватското здружение на работодавачи, од Хрватската стопанска комора, од Хрватската занаетчиска комора, кои особено ја нагласуваат важноста на промената во стручното образование во кое во земјата се вклучени 75% од средношколците.

Својата доследност во настојувањето реформата на образованието да биде ослободена од политиката, Јокиќ ја покажа и со тоа што го нападна поранешниот премиер Зоран Милановиќ (во чиј мандат реформата почна) поради неговите обиди политички да поентира од ситуацијата.

„Ги молиме политичките партии да не ја присвојуваат курикуларната реформа. Таа од самиот почеток е осмислена како национален проект и вистинско место на заедништво и дијалог во кој учествуваат експерти со многу различни светогледи. Бидејќи нашата работа се протега преку мандатите на две различни Влади, запознати сме со ниското ниво на поддршка за реформата, но и општо на образованието. Затоа наместо декларативна поддршка, ги молиме сите политички опции да ги стават образованието и науката како свои приоритети, да го зголемат вложувањето во науката и во образованието, да им обезбедат на децата и на родителите подобро образование. Од празните зборови и евтините политички поени на оние кои се моментално или порано биле моќни, оваа земја нема многу добиено“, изјави Јокиќ.

Од самиот протест „Хрватска може подобро“, беа упатени четири барања до Владата, до Парламентот и до политичката елита.

Првото барање беше да им веруваат на експертите за образование, на нивното знаење, чесност и посветеност на реформите, и да им дадат слобода да ја завршат работата до крај без притисоци, интервенции и цензура. Второто барање беше Парламентот едногласно да донесе заклучок за поддршка на оваа реформа, за експертскиот тим и за овој модел. Како трето се бараше донесување резолуција за образованието како стратешки национален интерес на кој ќе се обврзат оваа и сите идни влади. Четврто барање беше Владата да обезбеди пари и автономија за спроведување на реформата.

Целосна курикуларна реформа е една од клучните мерки на далеку поопсежниот документ, Стратегија за образованието, науката и технологијата, што беше усвоена во хрватскиот Парламент во октомври 2014 година. Со реформата треба да се напуштат застарените наставни планови и програми, како и методите на настава, и да се заменат со 52 нови курикуларни долкументи и нов пристап кон образованието.

Целта на реформата е да се воспостави усогласен и ефикасен систем на образование преку сеопфатни и структурни промени, со цел да се обезбеди учениците да се стекнат со што поупотребливо образование што ќе има најголемо можно општествено значење/вредност/.

Во состав на реформата, со национални курикулуми на наставните предмети се одредува целта на учењето, структурата на конкретните предмети во целата воспитно-образовна вертикала.

Против курикуларната реформа се конзервативните струи во Хрватска, а најилустративно нивните позиции ги доловува изјава на поединец од академската заедница, идеолошки припадник на крајната десница.

„Не смееме да дозволиме змејот со седум глави и десет рогови на западниот декадентен глобализам да ги проголта нашите деца и нашата иднина. Змејот кој се бори против Бог, против целокупната природа околу човекот и во самиот човек, против природниот брак и сите семејни и општочовечки морални вредности …“, гласи изјавата упатена како предупредување до јавноста од тоа што може да се очекува од реформата.

Од друга страна, светските медиуми кои пројавија приличен интерес за протестите во Хрватска, пренесоа дека хрватските граѓани се обидуваат да се изборат за стручна реформа на образованието, лишена од политика и од притисокот на конзервативните струи.

„Дополнителен удар за и онака разнишаната хрватска Влада“ и „хрватските десничари ги закочуваат реформите“, се цитатите што ја доловуваат сумата на впечатоците што ги пренесоа странските медиуми.

Конкретно Ројтерснапиша дека „протестот е дополнителен удар за разнишаната Влада што може да се распадне по помалку од пет месеци“.

За „хрватските десничари кои ги кочат реформите“ пишуваше Дојче Веле, наведувајќи дека „во Загреб и во другите хрватски градови протестираа десетици илјади луѓе барајќи продолжување на реформите на образованието загрозени поради политичките притисоци по доаѓањето на власт на Владата на десниот центар“.

Германското радио го цитираше текстот „Хрватската власт заминува надесно“ на магазинот Фокус, во кој се вели дека „десничарските политички идеолози не дозволуваат да се модернизира застарениот образовен систем“.

„Наместо реформи, тие (десничарите, н.з.) повторуваат празни фрази: црква, домољубие, татко-мајка-дете-брак, ги проколнуваат истополовите врски и бараат воздигнување на националната историја што не секогаш била возвишена. Заговорник на овие вредности е христијанско-конзервативната, големата владејачка партија, ХДЗ“, оцени Фокус.

Магазинот потсетува дека идеолошкото свртување наназад почнало уште во мандатот на претходната социјалдемократска Влада на Зоран Милановиќ.

„Екстремните конзервативци заедно со католичката црква, и покрај противењето на социјалдемократите, се изборија за референдум на кој христијанската брачна форма е прифатена како правило и внесена во Уставот. Потоа претседателот на бискупската конференција, Желимир Пуљиќ, побара уште еден референдум на кој фашистичкиот поздрав од Втората светска војна „За дом спремни“, одново требаше да биде воведен во војската на земјата што е членка на Европската унија и на НАТО“.

Инаку, хрватската Влада најсилно ја разниша случајот „консултантка“, за конфликтот на интереси поврзан со нејзиниот прв потпретседател, и лидер на ХДЗ, Томислав Карамарко, чиј пријател, Јосип Петровиќ, советник на унгарската нафтена компанија МОЛ, преку својата компанија за услуги и медиумски анализи најамалку две години ѝ плаќал услуги на компанијата Дримиа, во сопственост на денешната сопруга на Карамарко, Ана Шариќ (плаќањето почнало откако Карамарко дошол на чело на ХДЗ).

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×