Протестот на опозицијата во Тирана почна тензично
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Протестот на обединетата албанска опозиција почна тензично, кога дел од учесниците се обидоа насилно да го пробијат полицискиот кордон пред Парламентот во Тирана.
protest tiranaСудир со полицијата пред Министертвото за внатрешни работи имаа и жителите од населбата „Астир“, кои протестираат веќе четири месеци, бидејќи нивните домови треба да се урнат поради изградбата на големата обиколница во Тирана.
Покрај повеќето од 1.300 полициски службеници, дополнително се ангажирани припадници на единицата за брза интервенција и специјалната единица „Шќипоња“. Полицијата е подготвена да употреби водени топови.
По пристигнувањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша состојбата е малку помирна.
Во тек е обраќање на поранешните пратеници пред илјадници насобрани поддржувачи на опозицијата и граѓани.
Во меѓувреме албанскиот премиер Еди Рама со автомобил од неговото обезбедување мина низ демонстрантите, кои извикуваа „Рама од си“, како и други навредливи зборови, а имаше и неуспешен обид да се попречи движењето на возилата.
Во Парламентот се одржува пленарна седница, на која заклетва даваат нови пратеници од опозицијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×