Провајдерите на услугата мобилност ќе владеат со автомобилската индустрија на иднината
Објавено на од во hi-tech & business

Автомобилите денес ги користиме само 5 до 10% од времето, а во меѓувреме стојат неискористени, е реалност што големите ИТ-компании ќе ја променат во следниве години ставајќи го акцентот на софтверот и на конективноста на автомобилите, смета основачот на сѐ поуспешната хрватска компанија за производство на електрични возила Rimac Automobili, Мате Римац.

Во разговор за хрватскиот портал Netokracija, тој се осврнува на најавите дека Apple работи на електричен автомобил. Според Wall Street Journal стотина вработени во Apple тајно развиваат електрично возило под кодното име „Титан“. Во отуство на официјален коментар од Купертино, њујоршкиот весник потврда на својата теза гледа во ангажирањето од страна на Apple на индустрискиот дизајнер Марк Њусон, кој претходно дизајнирал концепт-авотомобил за Ford.

Apple ја создаде својата империја темелејќи ја на затворени системи што нудат сѐ од што корисниците имаат потреба, па, очигледно идејата да се направи истото и со милијарди долари вредната автомобилска индустрија им изгледа примамливо, смета хрватскиот иноватор и претприемач, Мате Римац.

„Денешните автомобилски компании нудат производи. Во иднина ќе доминираат провајдерите на услугата мобилност, и тука е големата шанса за моќните ИТ-компании, бидејќи софтверот и конективноста ќе станат важен дел од автомобилите, односно, од уредите за пружање мобилност“, вели Римац за Netokracija.

Mate RimacМалиот процент на искористеност на автомобилите денес, го користат компании како Uber (апликациски базираната транспортна мрежа и такси компанија од Сан Франциско), кои во моментов најдобро ја поедноставуваат потребата на луѓето од мобилност.

 

„Сопственикот на автомобил мора да се грижи за паркинг, за сервисирање, и сето тоа скапо да го плаќа. Интелигентните системи за мобилност ќе бидат многу поефикасни и побезбедни, и во целост ќе ја променат автомобилската индустрија и начинот на кој поединецот се движи, односно патува“, вели Римац.

Иако е јасно дека влезот во автомобилската идустрија е прескап потфат, сопственикот на Rimac Automobili, смета дека тоа не би требало да претставува проблем за Apple – компанијата со најмногу пари на сметката. Римац, сепак, предупредува дека развојот на комплетно возило е сложен процес што ќе услови автомобилот на Apple да се појави на пазарот најрано во 2020 година.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×