Провокација за иноватори, стартапи, инфлуенсери и инвеститори
Објавено на од во Start-up

Konferencija1 WEBИднината не треба да ја предвидувате, туку да ја измислите!

Одлични панелисти,  светски познати гости говорници и многумина млади претприемачи се собраа на втората по ред конференција Next Generation во Скопје  да зборуваат за технологиите на иднината и како ќе се финансира нивниот развој.

 

“На Твитер почнав во 2009 година. Прв што го заследив беше тогашниот американски претседател Барак Обама. И тој беше првиот што ме заследи мене, иако имав нула следбеници. Тоа беше голем успех за еден новајлија меѓу твитерџиите“, со насмевка ѝ раскажа на скопската публика за своите почетоци на Твитер Шон Гарднер, денес еден од највлијателните ликови на социјалните мрежи во светот, од Forbes прогласен за бр.1 Social Media Power Influencer.

Како прв говорник на конференцијата Next Generation што втора година по ред ја организираа Сеавус и Сеавус инкубаторот во Скопје на 10 мај годинава, Гарднер објасни пред присутните за тоа како успеал да стигне до безмалку еден милион следбеници на Твитер и со кои алатки еден стартап може да го засили своето присуство и влијание на социјалните мрежи.

“Прашајте се себеси: Како може да решам нечиј проблем, или пак да поддржам нечија страст за нешто? Кога ќе го сторите ова, вие додавате вредност на вашата активност на социјалните мрежи.“, објасни Гарднер.

Тој во првите четири години стигнал до 600 илјади следбеници, а денес има преку 934 илјади. Вели дека има многу начини на коишто може да расте вашата мрежа на Твитер.

“Еден од најефикасните е да најдете Twitter feed што се поклопува со вашиот  во смисла на содржина, и којшто расте стабилно и ги следи своите следбеници. Исто така може да проверите кој прави engagement на својот account околу одредени типови на содржина, и потоа следете ги тие account – и. “, рече Гарднер.

За младите стартапи исто така имаше неколку совети.

“Сакате да знаете колку посетители влече вашиот вебсајт или фанпејџ на социјалните мрежи, како ве нашле, колку долго се задржале кај вас, дали се нови или стари корисници и сл., што е најдобро да користите? Google Analytics  и Kissmetrics. Во врска со вашето присуство  на социјалните мрежи мора да менаџирате повеќе од нив во исто време, да правите распоред на вашите постови, да ја следите аналитиката, да држите табови на одредени клучни зборови и хаштагови преку опцијата “streams”. За ова најдобри алатки ви се Hootsuite, Buffer или  Simply Measured. Вашиот бренд јакнете го така што ќе им помагате на корисниците да решат некој проблем, ќе бидете едукативни, ќе им давате увид во различни интересни теми, ќе имате смисла и значење, ќе ги испровоцирате да размислуваат…“.

Заедница  од 5000 иноватори

Микела Магеш беше втората ѕвезда гостин на Next Generation конференцијата, прекрасен говорник и инспиративна личност. Таа моментално живее на северот од Шведска, од каде што (кога не патува, а патува многу) ја води Stromatolite Design Innovation Labs со седиште во Лондон. Компанијата чиј што ко – основач е Магеш во 2000 година, креира мрежи на иноватори и советува клиенти за тоа како да ги претворат своите идеи и истражувања во продукти за пазарот.

“Мојата работа всушност е да помогнам во создавање средина каде што креативните луѓе од Европа и светот ќе може преку своите идеи и иновации да придонесуваат во развојот на различни индустрии и економиите во целина. Така, минатата година во Берлин на Music Tech Fest (платформа која всушност е производ на Stromatolite, н.з.) видовме како се користи музиката и креативноста од страна на луѓе од различни светови на науката, уметноста, индустријата и академските кругови, со цел заеднички да се создаваат технолошки иновации.“, рече Магеш.

Освен претставувањето на музичка технологија и перформанси, Music tech Fest ги спојува луѓето, инаку од сосема различен професионален бекграунд, како софтверски инженери и модни дизајнери, или пак невролози и виолинисти.

“Тоа е настан каде што музичарката со сина коса од Флорида ќе решава проблеми заедно со инженерот од Барселона и со  иноваторката од Шведска која што има комуникациски импланти под нејзините тетоважи“, вели Магеш.

Таа истакна дека една од нејзините омилени изреки е онаа на Алан Кеј, американскиот компјутерски научник, која вели дека “најдобар начин да се предвиди иднината, е таа да се измисли.“

“Тоа е и мотото на нашата заедница, на сето она што го работиме, за што се залагаме.“, истакна Магеш пред скопската публика.


Ѕвездите на Next Generation 2017 – Скопје

Son Gardner WEBШон Гарднер
#1 Инфлуенсер на социјални медиуми според Forbes

Шон Гарднер е ко – основач на серијалот “Twitter Powerhouse Series” на Huffington Post, каде што има интервјуирано стотици луѓе од различни сфери – технологија, бизнис, здравство, филантропија, гастрономија и др. – од 2010 година, и е еден од највлијателните ликови на социјалните мрежи во светот.

Претходно со работно искуство во Apple  и Microsoft, Гарднер има работено и за други мултинационални корпорации, но и непрофитни органзиации и стартапи, во делот на развивање нови маркетинг стратегии за дигиталната ера и социјалните медиуми. Популарен говорник е на конференции, свои презентации има држено на Харвард универзитетот, Смитсониан, како и настани во Лондон, Њујорк, Хамбург, итн.

Forbes, Entrepreneur, Inc, American Genius се само дел од медиумите коишто пишувале за неговите совети и алатки за лично брендирање и маркетинг; коментатор бил на CNN, Fox и PBS, a пишувал и за Fast Company  и BuzzFeed.

Шон е амбасадор и дигитален волонтер за GivingTuesday.org, и помага на оваа фондација  на Обединетите нации да се промовира онлајн. Моментално е рангиран како #1 Social Media Power Influencer од страна на Forbes, и препознаен како еден од врвните светски експерти за маркетинг, пишување, совети, мислења и сл., на социјални мрежи.


Mikela Magash WEBМикела Магеш,
Европска жена иноватор на годината

Микела Магеш е добитничка на двете најпрестижни награди на ниво на Европската Унија и тоа во 2017 г. е прогласена за „Жена иноватор на годината“, а во 2016 г. е добитник на „Наградата Луминари за креативна иновација“, чии што претходни добитници се професорот Стивен Хокинг и основачот на Virgin, Ричард Брансон.  Сака луѓето да  ја доживуваат како “иновациски катализатор“, односно човек кој што ги поврзува световите на науката и уметноста, дизајнот и технологијата, академските истражувања и индустријата, со преку 20 години искуство во иновациите.

Основач е на Music Tech Fest, глобална комјунити платформа составена од преку 5.000 креативни иноватори и научни истражувачи. Платформата овозможува тестирање на иновативните решенија во области често многу различни меѓусебно, како неврологија, шумарство или компјутерско програмирање, а нејзини партнери се организации од калибарот на Microsoft Research New England, Centre Pompidou во Париз, Лондонскиот симфониски оркестар и др.

Магеш е и директор за иновации на #MusicBricks,европски иновациски проект преку кого што во рацете на креативните творци  се пласираат алатки развиени од најдобрите технолошки истражувачки центри во Европа, пред да бидат лансирани комерцијално на пазарот.

Во 2000 година Микела Магеш беше ко-основач на Stromatolite Design Innovation Lab, креативна лабораторија за футуристички концепти за клиенти како Apple, Nike, Nokia…


Konferencija1 WEB 01Вложување  во стартапи

Не е доволно идејата да е супер, мора и пари да се прават

За тоа како донесуваат одлуки оние што вложуваат во стартапи на конференцијата зборуваа и неколку претставници на институционалните и корпоративните инвеститори. Коча Бошку, извршен директор на Сеавус, најголемата ИТ компанија во Македонија, откри дека изминативе 2-3 години тие всушност купиле мнозински удел во девет технолошки стартапи во Европа, од кои два во Македонија и за тоа инвестирале шест милиони евра.
“Ние сме заинтересирани за стартапи кои што може да додадат вредност на она што ние го работиме, а особено развојот на интелигентни решенија во гејминг индустријата и онлајн обложувањето. Пред да ги направиме аквизициите, разгледувавме околу 80 компании, во некои направивме длабински дју-дилиџенс, во некои не, но на крајот на денот секогаш се работеше за една единствена бројка – а тоа е за колку е спремен продавачот да продаде“, рече Бошку. Според него фино е стартапот да има traction, односно да се знае за нејзиниот продукт, да привлекува внимание во јавноста, но уште пофино е ако почне да остварува приход.
“Ако компанијата за 12-18 месеци нема т.н. proof of concept, односно доказ дека нејзината идеја, производ, услуга може да се реализира, нема да привлече инвеститори. Има компании со извонредни идеи, но ако не почне да прават приход, залудно. Тоа за нас како приватна компанија инвеститор е клучно“, додаде Бошку.
Јан Коблер, менаџер на регионалниот инвестициски фонд South Ventures Capital кој има канцеларија и во Скопје, рече дека има многу простор каде да се инвестира на Балканот, дека не се само ИТ стартапите во фокусот, туку има потенцијал за развој и во традиционалните индустрии, недвижностите, земјоделието, итн.
“Моја препорака до младите претприемачи од регионов  е да не се плашат да ја споделат нивната идеја за продукт или услуга  со потенцијалните корисници од страв некој да не им ја украде. Нека излезат од својата земја колку што можат почесто, нека посетат колеги во Белград, Виена, Берлин или Љубљана, нека разговараат со потенцијалните купувачи за да примат фидбек и нови идеи за подобрување на нивниот производ.“, реле Коблер.

Јасмина Поповска, директорка на државниот Фонд за иновации и технолошки развој верува дека интересот на стартапите следниот период ќе бидат иновации поврзани со решавање на индивидуалните проблеми и потреби на луѓето, апликации за здравствениот сектор, менаџирање со ограничени ресурси како вода, енергија, храна…
“Ова се области со сè уште голем потенцијал за развој, а ние како институционален инвеститор секогаш пристапуваме на апликациите проект по проект, а не ги разгледуваме индустриските сектори засебно. Апликантите кај нас иако доаѓаат во многу рана фаза на својот развој, сепак треба да имаат некои искуства на корисници, сведоштва за корисноста на производот, барем некоја фокус група која што го тестирала прототипот и сл.“.

Мајкл Голд, директор на институцијата за микрофинансирање Кримсон Капитал, присутни во Македонија преку 20 години, ја истакна потребата на стартапите за  менторство.

“Тоа е различно од консултанството. Вие како ментор не треба да направите нешто наместо нив, да им ја завршите работата што тие не можат односно не знаат да ја завршат. Менторство е кога ги охрабрувате, едуцирате, поттикнувате како самите да ги сфатат нејасните работи и потоа самите да го направат тоа“.


Konferencija1 WEB 02Каде оди технологијата

Интернет на нештата, виртуелна и засилена реалност и вештачка интелигенција сосема ќе ги сменат нашите животи

На панелот посветен на развојот на новите технологии, зборуваа претставници на мошне интересни компании од Македонија. Тони Бачваровски, ко – основач и директор  на Гордиан системи, со својот тим развива решение, поточно систем од сензори, паметен сервер и клиентска апликација со  којашто негувателите на стари лица и лица со некаков хендикеп ќе добиваат потребни информации што ќе им помогнат во давањето подобра грижа. Системот се вика Кери (Carrie) и Бачваровски со неговата компанија го развиваат неколку години, а првиот модел треба да се појави на пазарот оваа есен.

“Поврзаноста на уредите, односно Интернет на нештата (Internet of things –  IoT) ќе влезе во нашите домови неизбежно, исто како што струјата влезе пред стотина години. Уредите ќе станат паметни, не во смисла дека јас ќе ја вклучам светилката преку мобилен телефон, тогаш светилката не е паметна, затоа што друг ја вклучува. Но ако се запали кога јас отворам книга или се угасне кога јас легнувам и ги затворам очите, е тогаш зборуваме за smart решение. Предизвикот е како да се управуваат и заштитат сите тие податоци кои што уредите ќе ги комуницираат и разменуваат меѓу себе. Безбедноста на IoT ќе биде голем предизвик, затоа што сè ќе оди на некој сервер, на некој облак.“, истакна Бачваровски.

Констандина Зафировска, директор на стартапот BtoBet, инаку претходно висок менаџер во Сеавус повеќе години,  објасни дека нејзината компанија преку користење на вештачка интелигенција –Artificial Inteligence (AI)  и засилена реалност – Augmented Reality (AR) развива решенија што на гејминг индустријата и онлајн обложувањето им помагаат што подобро да ги задоволат потребите на корисниците.

“Гејмингот и обложувањето претрпеа големи промени последнава деценија, сега може да играте или се кладите од мобилен, таблет и сл. Со помош на AI се обработува огромното количество податоци што се добиваат од корисниците, се анализираат нивните преференции, однесување, што тие сакаат, каква игра, какви опции, на кој спорт да се обложуваат и сл. Нашите решенија им помагаат на клиентите од овие брзо растечки индустрии да ги предвидат и пресретнат овие потреби на потрошувачите на најдобар можен начин“, објасни Зафировска.

Таа додаде дека роботите, вештачката интелигенција  и сл, неминовно ќе доведат до згаснување на голем број работни места, но ќе отворат нови можности.
“Ако вчера сме имале потреба од програмери во Јава, утре ќе требаат програмери за алгоритми за паметните машини, стручњаци за нивно одржување, итн. Не треба да се плашиме од технолошките промени, напротив, да ги прифатиме со возбуда и како предизвик за подобрување на секојдневниот живот“.
Марјан Гушев, професор на Факултетот за информатички технологии – ФИНКИ и претприемач, е сопственик на неколку компании, меѓу другото и ко-основач на едно од првите приватни радија во земјава, Антена 5. Во моментот со својата компанија Innovation, го развива ECGalert, паметен сензор кој што ја мери активноста на срцето, и испраќа сигнал што може да превенира срцев удар.
“Некаде прочитав податок дека до 2025 година индустријата за здравствена заштита на светско ниво ќе порасне на 1.000 милијарди долари годишно, каде што интернет на нештата ќе има главна улога. Сите овие дигитални асистенти што сега ги знаеме од мобилните телефони и сл., ќе станат наши лични асистенти за с$ и сешто, ќе ги мерат активностите и промените во нашето тело, затоа што луѓето стануваат сè позагрижени за своето здравје. Нашиот сензор сега го тестиравме и на некои од учесниците на Скопскиот маратон и можам да кажам дека добивме мошне ветувачки резултати“.
Тој истакна забелешка дека не е голем бројот на универзитетски професори и останати претставници од академската сфера што истовремено се и претприемачи со свои компании, нешто што во поразвиените земји е почеста пракса. “Порано во Македонија тоа беше табу тема, но пополека се менуваат работите. Сепак, едно е да едуцираш студенти и истражуваш со помош на туѓи средства, сосема друго е да влезеш во ризик со свои пари и да направиш стартап.“, рече Гушев.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×