ПРВ ДО ВРВ со летна серија трки – Трчање на плажа на пет локации во Македонија
Објавено на од во lifestyle

ПРВ ДО ВРВ започнува со платформата WE RUN MACEDONIA преку летната серија на трки Beach Run во трчање на 5 километри, на пет локации покрај вода низ Македонија, која ќе се одржи во текот на јули.

Преку поддржување на оваа иницијатива и „Капитал“ активно се вклучува во подигањето на свесноста за потребата и бенефитите од трчањето и генерално спортувањето.

prvdovrv

Летната лига во трчање започнува на 3 јули во Скопје, а потоа следуваат трките во Претор на 10 јули, Дојран на 17 јули, Маврово на 24 јули и завршната трка во Охрид на 31 јули.

Во трките кои се дел од серијата Beach Run 2016 може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање на 5 километри.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд од 1.000 евра и врвна спортска опрема за трчање.

Пријавувањето за учество во Beach Run 2016 е преку веб страната на www.prvdovrv.mk, каде што заинтересираните можат да најдат и повеќе информации за настанот.

Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа. Серијата Beach Run го става трчањето во контекст на плажата и можностите за спорт и рекреација што таа ги нуди. Токму затоа во серијата се застапени петте најпопуларни дестинации покрај вода во Македонија.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје во соработка со локалните самоуправи и со поддршка на деловната заедница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×