Прва анализа за парафискалните давачки: колку се македонските компании оптоварени со нив
Објавено на од во Компании
Поголем финансиски и административен  товар за фирмите од самиот износ на парафискалните давачки претставува процесот на поднесување, чекање, прибирање и корекција на документацијата за обезбедување на услугата., вели студијата на Фајнанс Тинк, а нарачана од Министерството за економија. 
Business-Expenses
Со најмалку 377 парафискални давачки (ПФД понатаму во текстот) се оптоварени македонските компании во секојдневното работење, што претставува значителен проблем за нивен раст и развој, особено за малите и средни компании, беше истакнато на денешната презентација на анализата на ПФД направена од Институтот Фајнанс Тинк, а нарачана од Министерството за економија.
„Толку ПФД се идентификувани во Каталогот на јавни услуги во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), иако во него постојат уште најмалку 1.500 идентификувани јавни услуги коишто не се верификувани од институциите или јавно објавени, а кои може да го зголемат бројот на ПФД и надлежни органи“, истакна Благица Петрески од Фајнанс Тинк.
Таа  додаде  дека цената на ПФД се движи од 50 денари до 18 милиони денари, а најголем товар за компаниите претставуваат ПФД  по основ на лиценци, дозволи и одобренија, но и за издавање на различни документи.
Половина од вкупниот број ПФД со утврдена цена се многубројни, но со релативно ниска цена и главно се однесуваат на издавање документи и дозволи, покажува анализата. Тие имаат просечна цена од 633 денари. Во иста категорија, со повисока цена се давачките за дозволи со просечна цена од 6.740 денари. Втората категорија се ПФД што се малку на број и коишто главно се однесуваат на услуги за аеродроми, но со умерено висока просечна цена од 46.006 денари, со учество од само 3%. Третата категорија се бројни ПФД со висока цена, главно давачки за лиценци и одобренија. Тие сочинуваат 30% од вкупните давачки и имаат просечна цена од 102.409 денари за одобренија и 1.722.162 денари за лиценци. Високи две третини од компаниите сметаат дека начинот на формирање на цената не е ниту транспарентен, ниту објективен.
IMG_20191225_113206

Од денешната презентација на Студијата за парафискалните давачки подготвена од Фајнанс Тинк, по нарачка на Министерството за економија

„Препорачуваме  да постои унифициран регистар на ПФД  кој ќе ги опфати сите вакви давачки на локално и на централно ниво и ќе биде доволно богат со информации од аспект на цена, сектор и намена, а при тоа ќе може да се направи бришење или спојување на оние ПФД кои се слични, непотребни или ги оптоваруваат компаниите. Таквиот регистар се препорачува да биде управуван од централизирано тело кое ќе може да ги следи и координира ПФД со цел да може да се зголеми нивната ефикасност и ефективност.“, се вели во студијата на Фајнанс Тинк.
Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека во државата првпат се прави ваква, како што рече, суштинска и детална анализа за ефектот што го имаат ПФД во работењето на малите и средните претпријатија, но и процедурите, документите, дозволите, сертификатите, патентите и сите други документи што треба една компанија да ги добие за нејзиното работење. Тој посочи дека Министерството ќе ги анализира препораките од студијата на Фајнанс Тинк и во текот на наредната година ќе ги имплементираат таму каде што ќе има простор.
Претседателката на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска рече дека според анализата што ги има направено нивната асоцијација, ПФД кај малите и средните фирми  најчесто се двојно повисоки од она што го плаќаат за даноците на годишно ниво.
„Трошоците за одржување на фискалните апарати, трошоците што ги плаќаа секоја година, а сега по ново на секои 18 месеци за лекарски прегледи на вработените, фирмарините што се плаќаат на локално ниво и каде што нема корелација помеѓу износот на давачката и големината на фирмата… ова е само дел од ПФД што ги оптоваруваат малите и средни компании. На пример,  доколку веќе работодавците плаќаат здравствено осигурување за вработените, а тие можат со упат од  матичниот лекар еднаш годишно да си направат систематски преглед покриен како трошок од тоа осигурување, зошто тогаш е потребно дополнително да се изложуваат компаниите на трошоци за вакви прегледи?“, рече Арсовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×