Прва инвестиција на голем западен производител во Русија од воведувањето на санкциите – Daimler најави „руски“ Mercedes
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Германскиот производител на автомобили, Daimler, најави дека во близина на Москва ќе гради фабрика за автомобили Mercedes-Benz, што ќе биде прва нова инвестиција на голем западен производител во Русија од воведувањето на санкциите пред три години. Германската компанија во својата прва фабрика за патнички автомобили во Русија ќе вложи над 250 милиони евра, а првиот автомобил оттаму би требало да биде на пазарот во 2019 година. Досега во Русија Германците произведуваа само камиони, во соработка со рускиот производител Камаз.

Најавеното вложување се надоврзува на првите знаци на опоравување на рускиот пазар на автомобили. Ford беше прв странски производител што во Русија ја зголеми продажбата по тригодишните слаби резултати.

Руското Министерство за трговија и индустрија наведе во соопштение дека фабриката на Daimler годишно ќе произведува над 20 илјади патнички автомобили и спортски теренски возила Mercedes-Benz со договор што опфаќа период од девет години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×