Прва конференција “Women in Digital” во организација на Вип
Објавено на од во Компании

Главна тема беше улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на општеството, како и нејзиниот придонес за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот.

FOTO 4_Panel diskusija

 

 

 

 

 

 

 

Во организација на телекомуникациската компанија Вип, вчера, 08.03., се одржа првата конференција “Women in Digital” чија главна тема беше улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на општеството, како и нејзиниот придонес за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот.

Учесниците на конференцијата од различни општествени сегменти, меѓу кои и голем број успешни и влијателни претставници од бизнисот, од академската заедница, од граѓанскиот сектор, медиумите и институциите, се запознаа со светските трендови во развојот и употребата на дигиталната технологија.

“Следејќи го мотото ‘Повеќе за Вас’, Вип континуирано им нуди на корисниците иновативни и достапни решенија со висок квалитет, на најмодерна мрежа во која инвестиравме над 35 милиони евра. На ваков начин, на сите корисниции во Македонија им ги овозможуваме најновите светски информатичко-комуникациски технологии. Со тоа на граѓаните, на бизнисот и на општеството во целина им нудиме севкупна и брза дигитализација која, станувајќи достапна за сите, ги брише разликите во општеството, меѓу кои и родовите. Во тој контекст и Вип како компанија е доказ за родова еднаквост па така од вкупно 1100 вработени 50% се жени, од кои 46% се на менаџерските позиции во компанијата. Тоа го поставува Вип на самиот врв во земјата, кога е во прашање еднаквоста на половите во деловниот свет”, рече на отворањето на конференцијата, извршниот директор на Вип, Мислав Галер.

FOTO 1_Vip Conferencija Women in Digital

 

 

 

 

 

 

 

 

Говорејќи за активностите што ги презема Владата во сегментот на дигитализацијата, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна: “Процесот на дигитализација ги брише родовите разлики. Единствено што препознава се способноста, вештините и знаењата. Дигитализацијата како едно од главните обележја на нашето време е значајна за целокупниот развој на општеството. Владата прави големи напори во овој сегмент за да се создадат нови услови за иден развој. Во таа насока и е подготовката за Национален оперативен план за широкопојасен интернет кој ќе овозможи развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи“.

“Водени од потребите на модерното живеење Вип секогаш се фокусира на креирање иновативни производи и услуги што на корисниците им овозможуваат поедноставен и поефикасен начин на комуникација. Како дел од моќната Телеком Австрија Групација, Вип во чекор ги следи модерните дигитални трендови и ја овозможува дигиталната технологија широко достапна за сите.”, рече Елена Панова, маркетинг директорка на Вип.

На конференцијата, за регионалните искуствата со дигитализацијата и моќта што таа им ја дава, особено на жените во современиот деловен свет, говореше и Иван Скендер, директор за бизнис трансформација во Vipnet, а видео-обраќање имаше и Елизабета Кастаљони, главна извршна директорка во А1 Digital.

Дополнително, во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која истакнати успешни жени од повеќе општествени сфери во земјава говореа за сопствените искуства и влијанието на дигиталната технологија врз нивниот професионален успех и животен стил. На ова тема говореа: Доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, професорка и извршна директоркана Универзитет Американ Колеџ Скопје; Вилма Учета-Дузлеска, извршна директорка на Кроација осигурување – Живот; Драгана Чифлиганец, извршна директорка на Адора Инженеринг; Ира Стефанов-Бабиќ, извршна директорка на Бренд унион; Сузана Јошевска-Анастасовска, адвокатка од адвокатска канцеларија „Станковиќ – Јошевска“ и една од основачите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Славица Биљарска, ПР консултант и ко-организатор на AllWeb конференцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×