Прва седница на Македонската банкарска асоцијација
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Денес во просториите на Бизнис центарот на Халкбанк АД Скопје се одржа првата седницa на собранието на здружението за остварување на заедничките интереси на банките и унапредување на нивното работење.

На првата седница на Македонската банкарска асоцијација се утврдија основните белези на асоцијацијата и беа разгледани најактуелните прашања во однос на банкарската регулатива во земјата.

Основачи на Македонската банкарска асоцијација се правни лица – 15 банки и 2 штедилници основани во Р. Македонија, кои работат согласно одредбите од Законот за банките и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Р. Македонија.

Извршниот директор на Халкбанк АД Скопје – Др. Билал Суџубаши, како домаќин на настанот, ја поздрави и поддржа новоформираната асоцијација, чија главна цел е да го унапреди банкарското работење и банкарскиот сектор во земјата како и да го зголеми веќе значајниот банкарски придонес во националната економија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×