Први три квартали во 2018: за 51% пораснал онлајн шопингот кон домашните е-трговци  
Објавено на од во Економија

Сто милиони евра во трансакции се направени за купување онлајн во првите три квартали од минатата година во Македонија, што е за 28% повеќе во однос на истиот период во 2017 година, покажува анализата на АЕТМ врз основа на статистиката на НБРМ.

e-payment

Поединечните трансакции во анализираниот период бележат уште поголем тренд на раст, т.е 39%, покажува објавеното истражување на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.

Речиси  64 милиони евра или 63% од остварените онлајн купувања се за купување од странски е-трговци, наспроти 31,15 милиони евра т.е. 33% остварени кон домашните. 4% или 3,8 милиони евра од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од иматели на странски платежни картички.

Плаќањата од македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува раст од 51% во однос на истиот период од 2017 година, а пак странците во Македонија потрошиле за 82% повеќе прек електронско купување кај домашните е-трговци.

Во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансакции се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон што се реализирани онлајн со платежни картички.

Онлајн купувањата, според истражувањето, кон домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници. Македонските граѓани трошат просечно 19,7 евра на една онлајн трансакција кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски сервиси.

“Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании исто така треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонеснуваат кон раст на е-пазарот. Во главно она што ни фали е едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите.” – вели Д-р Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×