Промовиран првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје
Објавено на од во Економија
Во Велес денеска беше промовиран „X  фактор акцелератор“,кој е проект од повикот за  кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно-технолошки акцелератори на Фондот за иновации и технолошки развој.
IMG_20190701_112602„X Фактор Акцелератор“ од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси.
Милан Димитриевски, ко-сопственик и управител на X Factor Accelerator по тој повод, денес во Велес, на отворањето на акцелераторот изјави:
“Акцелераторот го основавме со намера да помогнеме во развојот на стартап сцената надвор од Скопје, односно да го поддржиме развојот на иновативните бизниси, а преку него и регионалниот економски развој. За предакцелеторската програма аплицираа 40-тина стартапи. Селектиравме 11 со коишто веќе почнавме да работиме. Голема благодарност до кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и до Фондот за иновации и технолошки развој со чијашто поддршка се реализираше овој проект. “
Целта на акцелераторот е да се поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град. За таа цел, во период од 30 месеци се предвидува имплементација на акцелераторската програма „Заедно растеме“, со која ќе се обезбеди нѐ само едукативна, туку и финансиска поддршка за развој на почетни иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст.
” Највредните компании денес не се оние со вековна традиција, туку технолошките гиганти како Амазон, гугл, Мајкрософт, итн., коишто се создадени пред 15, 20, или триесетина години, но коишто благодарение на иновативноста, упорноста, визијата и вредната работа, се вредни по неколку стотици милијарди долари. Дали може? Секако дека може, иако патот до успехот речиси никогаш не е едноставен. Во акцелераторот ќе добиете поддршка за да го најдете својот фокус, да ги поставите менаџмент системите, итн. Добро е што луѓето што го водат акцелераторот се со различен професионален бекграунд, искусни во финансии, технологија, маркетинг, итн. и во нив ќе имате одлични водители на акцелераторската програма. Мојата порака до сите вас од стартап заедницата присутни овде, но и до сите македонски претприемачи: Никогаш не се откажувајте, вистинскиот претприемач не се откажува”, рече на промоцијата Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.
Проектот за стартување на овој акцелератор е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори.
Јован Деспотовски, директор на ФИТР, пак, изјави дека до овој момент има бројката од 250 компании финансирани од ФИТР, со 40 милиони евра, коишто, како што рече тој креираа 1000 нови работни места, со просечни плати од 70-80. 000 денари.
„Фондот финансираше и три бизнис акцелератори, меѓу кои и X Factor Accelerator, и јас се надевам дека од компаниите што почнаа во неговата програма ќе се изродат и некои милионери”, рече Деспотовски.
” Јас доаѓам од една од компаниите што почнаа во предакцелеторската програма на X Factor, стартапот е онлајн платформа специјализирана за промоција и резервација на угостителски објекти, како и настани и музички објекти. Многу ми е мило што во моментите кога помислив дека не знам што да правам понатаму и каде да побарам помош, дознав за акцелераторот, аплицирав и еве, сега сум меѓу стартапите што добиваат поддршка. Презадоволна сум од нивото на експертиза на луѓето што го водат акцелераторот, и пред се’, од нивната човечност”, рече Лорета Слабева, основач и управител на платформа Week. end, која, исто така, се обрати денес на промовирањето на акцелераторот.
Износот на доделениот грант е 450.000,00 евра

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×