Првиот српски електричен автомобил ќе се најде на улиците веќе во септември
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најдоцна до септември на белградските улици треба да се појави српскиот електричен автомобил – мало градско возило чија цена нема да надминува 10.000 евра. Компанијата Еко Србија веќе договорила прва испорака на делови за склопување на 12 автомобили, но наскоро се планира сите делови на електричниот автомобил да се произведуваат во Србија.

„Со кинескиот партнер се договоривме околу увозот на деловите, од шасијата, моторот, батеријата, до каросеријата, што би можеле да се склопуваат во околината на Белград. Сепак, нашата желба е електромоторот и каросеријата да ги произведуваме во Србија, и за целта почнавме преговори со српски компании што можат да ги произведат овие делови од возилото“, вели директорот на Еко Србија, Драган Шкрњиќ.

Компанијата добила бесплатна лиценца од една италијанска реномирана компанија за производство на електромотор – иста каква што неодамна откупил јапонскиот гигант Suzuki.

„Првиот електричен автомобил што на нашиот пазар ќе се продава под името Axios, ќе го претставиме во септември на петтиот Тесла рели, на кој учествуваат електрички возила и хибриди од целиот свет. Нашиот автомобил главно е наменет за користење во градски услови. Со едно полнење на батеријата може да помине 140 километри, а најголемата брзина е 60 километри на час“, вели Шкрњиќ.

Интересно е што Axios се полни на обичен куќен штекер од 220 волти, и дека на батеријата најмногу ѝ требаат осум часа за да се наполни, пришто до 60% се полни за само два часа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×