Првиот Tesla Model 3 е готов и ќе биде на Илон Маск
Објавено на од во hi-tech & business

Како што Илон Маск пред неколку дена најави, во саботата (односно, веќе вчера, недела по наше време) првиот финален Model 3 се симна од производната линија на фабриката на Tesla. Секако, на лице место беше Маск кој настанот го проследи на Twitter, објавувајќи ги првите фотографии од автомобилот што ќе остане во негова сопственост.

Имено, првиот купувач што уплатил депозит за Model 3 се откажал од правата над автомобилот и му ги подарил на Маск за четириесет и шестиот роденден.

Во погоните на Tesla сега прво ќе бидат произведени триесетина автомобили. Тие на 28 јули ќе им бидат свечено врачени на првите купувачи, а потоа производството ќе расте ескпоненцијално – за до крајот на годината да може да се произведуваат околу 20.000 автомобили месечно.

За следната година целта е да бидат произведени 500.000 Tesla Model 3. Досега за овој автомобил има порачки од 400 илјади купувачи, што значи дека новите (купувачи) на ред ќе дојдат дури за година или повеќе, а јавноста е скептична околу толку големото забрзување на производството.

Експертите за пазарот на автомобили се сложуваат дека Tesla Model 3 многу веројатно ќе биде најзначајниот електричен автомобил во историјата. Покрај останатите причини за ваквото мислење е што Model 3 е прв електричен автомобил со цена споредлива со цените на класичните автомобили.

Од друга страна, аналитичарите велат дека Tesla мора значајно да ги рационализира трошоците за производство, бидејќи ниската цена на Model 3 нема да биде доволна за да оствари профит. Токму поради загриженоста на инвеститорите околу профитабилноста и иднината на овој автомобил, цената на акцијата на Tesla на берзите во последните неколку дена падна за околу 20%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×