Прво барање од Ципрас до Меркел: Германија да ни врати 200 милијарди евра отштета од Втората светска војна
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Еден од првите потези на младиот грчки премиер Алексис Ципрас беше посета на меморијалниот центар во Каисариана каде во 1944 година германските нацисти убиле 200 Грци во знак на одмазда за убиен германски војник. Станува збор за посета која има многу симболика. Во последните пет години Германија одигра клучна улога во наметнувањето и спроведувањето на ригорозните мерки за штедење со кои беше условувана финансиска помош од меѓународната заедница.

Ципрас во изминатата година водеше една специфична кампања во која истакнуваше дека односот на Германија кон Грција има историска димензија и дека Германците би требале да покажат повеќе трпение и “милост”.

Реториката против Германија кулминираше пред изборите кога Ципрас минатиот месец изјави дека покрај тоа што ќе бара опростување на долговите, ќе ги бара и парите кои Германија и ги должи на Грција од времето Втората светска војна, како и отштета за војни злосторства.

Според истражувањето кое се направи во 2013 година по барање на поранешниот премиер Антонис Самарас, Германија и е должна на Грција околу 200 милијарди евра за штети настанати во текот на нацистичката окупација. Самарас не ги искористи резултатите од истражувањето во процесот на преговарање, но повеќе од сигурно е дека новата влада ќе го искористи овој “историски” долг во разговорите за отпис и намалување на долговите на Грција.

Интересно е што ставот на Сириза има поддршка и во Германија. “Од морален аспект, Германија треба да ги плати овие стари компензации и “воени заеми”, на кои Грција била присилена во текот на окупацијата”, смета Габриела Цимер, претседател на Социјалистичката партија Die Linke, која е во сојуз со Сириза во Европскиот парламент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×